5 совети што сите тинејџери и тинејџерки треба да ги прочитаат (и добро да ги запомнат!)

5 совети што сите тинејџери и тинејџерки треба да ги прочитаат (и добро да ги запомнат!)

Тинејџерските години можат да бидат навистина чудни. Почнувате да излегувате, почнувате да гледате девојки и забележувате многу физички промени. Сето ова се случува наеднаш и понекогаш може да изгледа многу страшно. Исто така ова се годините кога мислите дека знаете сè и никако не ги прифаќате советите од постарите. Но, имајте на ум дека некогаш и тие биле колку вас, и тие поминале низ она што вие го минувате сега. Па затоа размислете добро пред да ги отфрлите нивните совети. Во продолжение погледнете некои од најважните совети кои секое момче тинејџер треба да ги слушне.

(1)5-soveti-za-site-momchinja-tinejdzeri-kafepauza.mk

1. Бидете скромни

Гордоста може да биде корен на многу проблеми, а скромноста е лек за тоа. На еден тинејџер може да му биде навистина тешко да го прифати ова. Сигурно се обидувате да го пронајдете вашето место во светот. Повеќе не сте дете и сакате да бидете почитувани, но сè уште треба да ги почитувате правилата на вашите родители и наставници. Се подготвувате за остатокот од вашиот живот, а многу луѓе ќе сакаат да ви помогнат во тоа.

Ако сакате да ве почитуваат, бидете скромни. Прифатете критика. Обидете се да ги разберете мислењата и аспектите на другите луѓе. Ако грешите за нешто, признајте го тоа и направете промена. Постојат неколку „симптоми“ на гордост кои најверојатно ви се познати. Ако забележите некој од нив, обидете се да го поправите тоа. Променете ги вашите навики бидејќи тоа многу ќе ви помогне во животот.

  • Навредување на другите
  • Игнорирање на инструкциите од родителите
  • Неучтиво разговарање со родителите/наставниците
  • Зборување лошо за другите зад нивниот грб
  • Одбивање да ги признаете вашите грешки и да се извините

2. Всушност, вашите родители знаат што зборуваат

Можеби веќе ги превртувате очите и сметате дека ова е само уште една лекција за почитување на постарите. Но, имајте на ум дека вашите родители не се родени стари. Некогаш и тие биле колку вас. Со секоја помината година сè повеќе ќе го разбирате тоа. Кога ви поставуваат правила и ви даваат совети, тие го прават тоа бидејќи ви посакуваат само најдобро. И ним им се познати опасностите со кои се соочувате секој ден. Можеби вашите родители не ви изгледаат „кул“, не знаат како да користат компјутер, но тие ве сакаат и важно е да обрнете внимание на нивните зборови.

3. Кому му е грижа што мислат вашите пријатели?

Сигурно веќе сте го слушнале ова, но кога ќе завршите средно училиште голема е веројатноста да изгубите контакт со 90% од луѓето кои сте ги познавале. Па, потрудете се да го поминете тој период без да се преправате дека сте некој кој не сте. Поминете го средното училиште создавајќи се себеси. Изградете се во личноста која што навистина сакате да бидете. Да правите нешто само за да се вклопите не е во ред. Ако забележите дека некој е малтретиран на училиште, одбранете го. Бидете добри. Бидете пријателски настроени кон оние кои немаат пријатели. Ова се работите на кои луѓето ќе се сеќаваат. Ова се работите кои се навистина важни.

4. Бидете внимателни со вашиот смартфон

Ако имате смартфон, сметајте дека сте многу среќни. Овие направи имаат многу поголема моќ отколку што им придаваме, а некои луѓе навистина ги злоупотребуваат. Па имајте на ум дека ако не можете нешто да кажете некому во лице, немојте да му го пишувате на Фејсбук, Инстаграм, Снепчет… И овде важи скромноста. Ако сакате да докажете или да покажете нешто, направете го тоа на мирен начин без да ги навредувате и повредувате другите. На Интернет можете да се соочите со многу мислења различни од вашите, и тоа е факт. Но вашиот карактер зависи од тоа како ќе реагирате на овие „несогласувања“. Дали ќе почнете „војна“ во коментарите? Или пак на мирен начин ќе го споделете вашето мислење? Немојте да ги малтретирате другите на Интернет.

5. Кога станува збор за девојки и момци, олабавете

Вие сте во период кога вашите хормони се однесуваат како луди. Обидете се да ги држите под контрола. Внимавајте на сериозните врски во средно. Станувањето родител треба да биде откако ќе можете сами да се грижите за себе. Немојте да брзате и донесувајте паметни одлуки за вашите врски.

Ќе бидете добро

Понекогаш светот може да биде навистина страшен. Секој кој има способност да го направи подобро место, има и должност да го направи тоа. Вие ја имате таа способност. Денес бидете најдобрата личност која можете. Ако го правите ова секој ден, тоа ќе ви стане навика, ќе стане дел од вашата личност. Немојте да се плашите од промени. Исто така, не плашете се од грешки, но секогаш признавајте ги и справувајте се со нив.

Прочитајте ги и тинејџерските лекции кои треба да ги помните и во вашите 20-ти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар