5 совети што ѝ се потребни на секоја самохрана мајка

5 совети што ѝ се потребни на секоја самохрана мајка

Родителството е најважната улога и најголемиот предизвик во животот на секоја жена. Но не се сите жени во можност да го одгледуваат нивното дете со партнер. За самохраните мајки се вели дека се супермајки и херои, а ова без сомнение е вистина. Тие ги посветуваат нивните живот и внимание на своите деца, со цел да им помогнат да созреат во добри личности. Доколку сте самохрана мајка, ова се советите што морате да ги слушнете.

5 совети што ѝ се потребни на секоја самохрана мајка

1. Немојте да се запоставувате

Самохраните родители го насочуваат целото нивно внимание кон децата. Ова е сосема во ред додека децата се мали, но проблемите настануваат кога ќе почнете да се занемарувате себеси и вашите желби кога децата се постари. Кога ќе се земе предвид дека самохраниот родител нема партнер на којшто може да се потпре, важно е секогаш да биде во добра ментална и физичка форма. Затоа треба добро да се наспиете, да се храните здраво, но и да се занимавате со некаква физичка активност. Исто така важно е во вашиот полн распоред да најдете време за себе, за вашето хоби или за некој ритуал за релаксирање.

2. Немојте да кажувате едно, а да правите друго

Иако е мало, вашето дете го набљудува однесувањето на луѓето околу него и го прифаќа. Па, немојте да бидете родител кој кажува едно, а прави нешто сосема друго. Важно е да бидете дисциплинирани. Дури и ако ви е тешко да го казните детето поради нешто што направило, важно е да останете доследни на вашите ветувања. Доколку постапувате поинаку, вашите деца нема да ве сфатат сериозно.

3. Не плашете се да побарате помош

Помошта од родителите, пријателите и семејството е сосема во ред и немојте да бегате од тоа кога ќе сфатите дека не можете да направите нешто сами. Без разлика што самохраните мајки се супермајки на кои сите им се восхитуваат, понекогаш и нив им е потребна помош.

4. Потсетете се дека не сте совршени

Имајте на ум дека никој не е совршен и дека сите луѓе и деца се личности за себе. Сите ние грешиме, па немојте да се споредувате себеси или вашето дете со другите. Најважната задача на родителот е да му пружи безусловна љубов на неговото дете.

5. Станете свесни за вашите недостатоци

Најдобри родители се оние кои ги знаат нивните мани и недостатоци и кои учат од нивните грешки. Самохраните родители не би требало сè да прават сами. Сосема нормално е и понекогаш да им треба помош од професионалец, кога се соочени со проблем што не можат да го решат самите.

Прочитајте ја и неверојатната приказна на еден самохран родител.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар