5 совети како да се справите со осаменоста

5 совети како да се справите со осаменоста

Истражувањата откриле дека колку помудра е личноста, толку помалку се чувствува осамено. Мудроста не ја поседуваат само постарите луѓе и воопшто не зависи од возраста на поединецот. Дури и пред пандемијата, осаменоста беше една од најзагрижувачките состојби кога станува збор за менталното здравје. Таа може да доведе до влошување на општото здравје и да придонесе за лош квалитет на сонот. Осаменоста или чувството на тага поради тоа што сте отсечени од другите се разликува од тоа да бидете сами. Можете да бидете сами и да не се чувствувате осамено, но и да бидете опкружени со луѓе и да се чувствувате осамено.

5 совети како да се справите со осаменоста

Во продолжение прочитајте кои 5 совети ги издвоивме за вас кои веруваме дека ќе ви помогнат да се изборите со осаменоста.

1. Не се дефинирајте себеси врз основа на она што сте го искусиле во моментот

Осаменоста е само еден миг, една капка во морето. Не значи дека вие сте лоша личност по природа или дека не постои никој на светот кој не се грижи за вас ако во моментот се справувате со чувство на осаменост. Не се работи само за вас и што е најважно од сè, не е трајно чувство. Секогаш можете нешто да направите за да ја подобрите ситуацијата.

2. Поврзете се со другите макар и да е тоа невидливо на прв поглед

Луѓето кои никогаш не се чувствуваат осамено велат дека тоа е така затоа што тие секогаш се поврзани на некаков начин со другите. Дури и ако во моментот не постои никаков контакт меѓу нив и луѓето кои ги сакаат или за кои се грижат, сепак знаат дека секогаш можат да најдат некого со кого ќе почувствуваат некаква поврзаност – макар тоа да било и странец во автобус.

3. Бидете љубезни кон другите

Наместо да им се препуштате на тажните мисли, можете да се обидете да дадете некаков придонес за благосостојбата на другите луѓе. Понекогаш дури е доволен еден поздрав или прашањето како е другиот за да покажете емпатија и за миг да престанете да мислите на осаменоста.

4. Направете нешто позитивно

Многумина не можат да допрат до другите од емоционални или физички причини. Тоа е вистинската осаменост. Позитивните промени не доаѓаат така лесно, а најважно е да соберете храброст и да го направите првиот чекор. Ќе видите колку полесно работите ќе си дојдат на свое место откако ќе го направите тој прв чекор.

5. Имајте ја предвид поголемата слика

Секогаш фокусирајте се на големата слика. Само така ќе можете да ги зграпчите можностите на кои ќе наидете, а кои не секогаш можете да ги забележите токму поради тоа што сте обземени од грижите за ситните детали. На тој начин ќе сфатите дека сте едно делче од бескрајниот универзум и дека воопшто не сте осамени.

Откако ги прочитавте нашите совети за справување со осаменоста, ви препорачуваме да прочитате и 4 скриени знаци дека страдате од осаменост.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар