5 совети како да го издржите интензивното темпо додека вежбате

5 совети како да го издржите интензивното темпо додека вежбате

Да се најде мотивација за секојдневно вежбање е тешко само по себе, а ако на тоа го додадете интензивното темпо што си го поставивте, може да биде само уште потешко. За да ги постигнете своите цели, да изгледате подобро и да се чувствувате подобро, прочитајте ги овие совети што ќе ви помогнат да го издржите интензивниот тренинг.

5 совети како да го издржите интензивното темпо додека вежбате

Поставете сцена

Кога станува збор за вежбањето дома, сè се сведува на поставувањето сцена. Ако сакате да вежбате со добра музика, свеќи и мирис на есенцијални масла, погрижете се атмосферата да биде токму таква – релаксирачка и инспиративна.

Вежбајте во пар

За да не ги прескокнувате тренинзите, пронајдете партнер со кого ќе вежбате. Тоа може да биде вашиот најдобар пријател, партнерот или некој друг. Дури и ако не сте на истата локација и секој од вас вежба од својот дом, закажаниот тренинг во одредено време е нешто што не може да се прескокне.

Загрејте се добро

Ако веднаш се префрлите на интензивен тренинг, многу лесно може да се случи брзо да се откажете затоа што вашите мускули не се загреани доволно за сè што планирате да вежбате. Направете му услуга на вашето тело и загрејте се пред тренингот со цел да постигнете подобри резултати.

Изберете добра облека за вежбање

Нема смисла да вежбате во облеката што ја носите низ домот. Можеби е пријатно за читање книга, но не и за возење велосипед, трчање, склекови и сл. За да го дадете својот максимум, изберете атрактивен комплет за вежбање што ќе ви претставува задоволство да го носите и да ја гледате формата на вашето тело.

Променете го ритуалот за вежбање

Ако ги повторувате истите вежби секој ден, може многу брзо да ви стане здодевно. За да го избегнете ова, менувајте ги вежбите на неделно ниво. Обидете се да се фокусирате рамномерно на мускулите на рамената, рацете, грбот, стомакот и нозете.

Прочитајте кои 7 работи треба да престанете да ги правите пред тренинг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар