5 совети како да ги подготвите сукулентите за пролетта
Иако пролетта сè уште не е официјално пристигната, сонцето и порастот на температурата полека ја будат природата. Сукулентите сега излегуваат од фазата на зимско мирување, а ги чека период на цветање и раст. Иако сукулентите не бараат многу грижа и внимание, им треба мала подготовка за пролетта што ќе им овозможи непречено да напредуваат.
1. Сега кога температурата е повисока, а деновите се потопли и подолги, започнете да ги наводнувате сукулентите двапати месечно. Наместо случајно наводнување, подобро е да водите календар и да го следите за да не ги „храните“ ниту прерано, ниту предоцна.
2. Полека подгответе ги за повисоките температури. Ако сте во можност, изнесувајте ги надвор одвреме-навреме во текот на денот за да започнат да се приспособуваат на потоплите денови.
3. Ако ги изнесувате на отворено или на прозорецот, обрнете внимание на видот на сукулентот затоа што некои сукуленти не сакаат директна светлина. На пример, алое верата спаѓа во групата понежни сукуленти и ако одеднаш ја изложите на директна сончева светлина, може да се исуши, а лисјата да станат кафеави. Кактусите, пак, обожаваат директна светлина и ќе уживаат во неа.
4. Ако чувате сукуленти на балконот или на кое било друго место каде што врне, проверете дали се заштитени од премногу капки дожд. Големата количина вода е главната причина за овенување на сукулентите, а пролетта е често многу дождлив период. Ако врне повеќе од еден ден и не можете соодветно да ги заштитите сукулентите на отворено, најдобро е да ги внесете внатре.
5. Отстранете ги сите исушени или овенати делови од сукулентите, а ако планирате да ги пресадите во нови саксии, пролетта е идеално време за тоа.
Прочитајте како да го направите овој пијалак што орхидеите го сакаат повеќе од водата.