5 ситуации во кои е подобро да премолчите

5 ситуации во кои е подобро да премолчите

Иако преовладува мислењето дека премолчувањето на проблемите во врските и браковите е убиец на љубовниот однос, сепак постојат неколку ситуации во кои молчењето е злато. Пет Лов, коавторот на книгата „Како да си ја подобрите врската без да зборувате за тоа“ (How to Improve Your Relationship Without Talking About It), издвојува 5 ситуации во кои молчењето е најдобро решение.

Пет ситуации во кои е подобро да премолчите

1. Кога навредувате без да размислите што кажувате

Кога ќе ве совлада напад на бес и пред да почнете со ниски удари, пробајте да се спречите и да премолчите. Таквиот излив на емоции ќе ви зададе дополнителни проблеми, а во афект луѓето често го кажуваат она за кое подоцна жалат. Оддалечете се од партнерот додека да се смирите, а потоа разговарајте со него.

2. Кога сте во хармонична врска

Вашата врска е скоро совршена, уживате во своето друштво, но сепак партнерот понекогаш знае да направи или да каже нешто што вас ве навредува. Во овој случај вашето ќутење говори дека нешто не е во ред, а вашиот партнер тоа сам ќе го сфати и коригира.

3. Кога од мува правите слон

Дали полудувате за ситници кога партнерот не прави нешто како што вие сте замислиле? Смирете се и избројте до десет. Ако партнерот задоцнил 15 минути и вие сте чекале на договореното место или не го фрлил ѓубрето иако сте му рекле, тоа не е причина за дигање бука. Ако вас ве лутат таквите работи, можеби проблемот е многу поголем од самиот чин кој ви го кренал моментално притисокот.

4. На јавно место или во нечие друштво

Без оглед дали станува збор за ситуација во која партнерот прави или збори нешто што вас ве вади од кожа, ова не е соодветно време за да се расправате за тоа. Воздржете се од коментари и решете ги проблемите подоцна во интимна атмосфера.

5. После некоја чашка испиена повеќе

Доколку имате испиено некоја чашка повеќе, правете што сакате, само не влегувајте во кавга со партнерот. Откако ќе се отрезните, најадете и одморите, сликата пред вас ќе биде комплетно поинаква. Исто така, во голем број ситуации нема ни да ви текнува за што всушност сте биле лути.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. biljana3 Reply

    a sto da pravam ako ne mozam da precutam i ako se nerviram posle taa nekova glupost povtorno? :~

Остави коментар