5 сигурни знаци дека тој само ве искористува и ќе ви го скрши срцето

5 сигурни знаци дека тој само ве искористува и ќе ви го скрши срцето

Честопати, мажите и жените бараат различни работи во љубовната врска. Понекогаш кога многу ви се допаѓа некое момче, можно е чувствата да не се обострани. Сите сме го доживеале тоа, барем еднаш во животот. Во таков случај најважно е да го надминете стравот од соочување со вистината дека тој само ве искористува. Не заборавајте дека најважни се неговите зборови, но и делата што можат да ви покажат дали тој навистина сака да биде со вас или тоа што го бара е само добра забава кога му е здодевно. Постојат момци кои многу добро знаат да ги сокријат нивните намери, но сепак со помош на следниве 5 знаци на предупредување, кои никако не смеете да ги занемарите, со сигурност ќе го откриете неговото вистинско лице. Во продолжение прочитајте за што станува збор…

5 сигурни знаци дека тој само ве искористува и ќе ви го скрши срцето

1. Ви се јавува само доцна навечер

Вистина е дека понекогаш момците знаат да се појават доцна во ноќта, по вечер помината со пријателите, „подмачкани“ со многу алкохол, и тоа може да биде слатко. Меѓутоа, ако тој ви се јавува единствено кога е под дејство на алкохол, доцна навечер, бидете сигурни дека не е заинтересиран за ништо повеќе од површен секс. Мажот кој се грижи за вас ќе сака да поминувате време заедно и преку ден, без поддршка од алкохолот.

2. Постојано ги откажува заедничките планови

Вие одвај чекате да излезете заедно, но само што сте почнале да се подготвувате, тој ви пишал порака дека не може да стигне. Ова е многу некултурно и природно е да бидете разочарани. Заслужувате некој кој ќе се појавува на време и ќе си стои на зборот. Не барајте оправдувања за неговите постојани откажувања. Тоа е само незрел и детски начин на кој сака да ви покаже дека не е заинтересиран.

3. Никогаш не излегува со вас во јавност

Мажот кој е заинтересиран со задоволство ќе сака да излегува со вас и да ве покажува во јавност. Ако никогаш не излегувате од дома, треба да се запрашате која е причината за тоа. Забавно е да поминувате со часови меѓу чаршавите, но понекогаш треба да уживате и во прошетка во паркот или вкусна вечера во ресторан.

5 сигурни знаци дека тој само ве искористува и ќе ви го скрши срцето

4. Ви кажува сѐ што сакате да слушнете, но не го спроведува тоа на дело

Делата зборуваат погласно од зборовите. Ако тој само користи шармантни и харизматични зборови без да докаже дека тоа што го вели е вистина, време е да продолжите понатаму.

5. Се држи на дистанца

Тој знае сѐ за вас, но вие знаете многу малку работи за него. Врските подразбираат двонасочна размена на информации со цел да откриете дали си одговарате. Доколку тој не зборува многу за себе, веројатноста е дека или крие нешто или не сака да го запознаете убаво. Можеби тој смета дека не му одговарате за сериозна врска или едноставно не сака да вложува труд затоа што не е заинтересиран да се врзува за една личност.

Лесно е да ги игнорирате овие знаци, особено ако сте се приврзале и веќе ви се завртела во глава идејата дека тој ќе биде вашиот нов партнер. Меѓутоа, ако забележите некој од овие знаци на предупредување, бидете внимателни бидејќи постои голема веројатност дека тој само ве искористува и не е заинтересиран за сериозна врска. Тешко е да се признае овој факт, но вие заслужувате некој што ќе се грижи за вашето срце, а не некој што ќе го скрши.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар