5 секојдневни навики што можете да ги „украдете“ од Џ. К. Роулинг

5 секојдневни навики што можете да ги „украдете“ од Џ. К. Роулинг

Иако постојат голем број писатели, малкумина стануваат име што сите го знаат. Изминативе две децении, Џ. К. Роулинг стана еден од најпрепознатливите автори на денешницата. Иако таа е автор, филантроп, продуцент и сценарист, сепак е најпозната по серијалот „Хари Потер“ кој е најпродаван на сите времиња – продадени се 500 милиони копии ширум целиот свет.

5 секојдневни навики што можете да ги „украдете“ од Џ. К. Роулинг

Откако се родило нејзиното прво дете, откако починала мајка ѝ и откако поминала низ тежок развод, таа го развивала концептот за Хари Потер. Била одбиена безброј пати и кога била објавена првата книга, таа живеела од социјална помош.

Денес таа е првиот автор милијардер во светот и е одбрана за Личност на годината во 2007-ма година. Во 2010-та година беше прогласена за Највлијателната жена во Британија и има богатство од околу 1 милијарда. И покрај целата слава и богатство, таа останува скромна и донира многу од нејзините пари. Дури го изгубила статусот милијардер поради добротворните акции. Сигурно ве интересира како изгледа денот на оваа неверојатна жена? Дознајте 5 од нејзините секојдневни навики.

1. Се фокусира на нејзиниот развој

Не можете да живеете со само неколку евра дневно, а потоа да станете најплатен автор без голема храброст. Овде потребни ви се и грижа и свесност за себе. Оние кои постојано целат да бидат подобри, попаметни и посилни обично успеваат во тоа, а самата Роулинг е жив доказ. Ова честопати значи да му дозволите на животот да ве однесе онаму каде што треба да бидете и да го извлечете најдоброто од сите искуства. Кога им се обраќала на студентите на Харвард, Роулинг изјавила:

„Личната среќа живее во знаењето дека животот не е листа со достигнувања. Вашите квалификации и резиме за работа не се вашиот живот.“

Роулинг исто така обрнува внимание на она што предизвикува промени кај неа и што ѝ помага да ги постигне нејзините цели.

„Имањето дете ме присили да ја завршам проклетата книга. Не бидејќи мислев дека ќе нè спаси, туку бидејќи мислев дека тоа ќе ми биде последна шанса да ја завршам.“

2. Напредува со неуспех

Секој автор, професионален или аматер, ќе ви каже дека критиките се дел од описот на работното место. Без разлика во која индустрија се наоѓате, важно е да имате силен грб и да им дозволите на критиките да ве водат, наместо да ве натераат да се сомневате во себе. Роулинг верува во моќта на неуспехот и секогаш со отворени раце ги пречекува предизвиците.

„Невозможно е да живеете без неуспех во нешто, освен ако живеете толку внимателно што како да не сте живееле воопшто. Во овој случај секогаш доживувате неуспех.“

„Интересно кај неуспехот е тоа што откако навистина ќе успеете, нема да има ништо послатко. Многуте падови го прават искачувањето до врвот уште повредно. Тогаш немав никаква самодоверба. Но го сакав тоа премногу, немаше да се откажам. И мислам дека оттогаш немам почувствувано ништо како во моментот кога сфатив дека ќе бидам објавена.“

3. Останува скромна

Милионерите, или во овој случај милијардерите, кои сами го стекнале нивното богатство имаат друга перспектива за парите, за разлика од оние кои пораснале во богати семејства. Бидејќи самите го заработиле богатството, овие луѓе често остануваат скромни, без разлика колку нули има на нивната сметка. Всушност, Роулинг еднаш изјавила дека ѝ било тешко да го прифати новиот животен стил и сите несигурности што доаѓале со него.

„Да, сега знам дека ќе бидам богата засекогаш. Кога бев бремена со син ми имав вистинска грижа за парите што беше целосно ирационална и мислам дека тоа беше поврзано со стрес – имав книга која требаше да се објави и бебе кое треба да се роди. Мислам дека тоа беше сеќавање на последниот пат кога бев бремена, кога бев навистина сиромашна.“

Роулинг редовно донира во многу организации, а направила и нејзина непрофитна организација, Lumos, која има за цел да го спречи сместувањето на децата во институции низ целиот свет.

4. Нејзината кожа останува „дебела“

Бидејќи критиките се дел од нејзиниот живот, Роулинг не дозволува премногу да влијаат на неа. Секогаш си го задржува доброто расположение и е фокусирана. Всушност, не очекува да одбива само комплименти и ги прифаќа корисните совети.

„Ако очекувате да стоите под туш од постојаното фалење, нешто не е во ред со вас. Ќе добиете критики и јас го знаев тоа. Смешното е што не сум, никогаш не сум била личност со самодоверба. Постојат делови од мојот живот каде што сум со дебела кожа, но не во оваа област. Во оваа област сметам дека е правилно и дека треба да бидам критикувана – тоа е литературата.“

5. Си замислува подобар свет

Има ли нешто поважно од позитивноста? Без разлика дали разговарате за кариерата, пријателите, семејството или врските, имањето надеж е клучно за среќата, успехот и напредокот. Роулинг верува дека нејзината цел е да го направи светот подобро место и напорно работи за да го постигне тоа.

„Ако одберете да ги искористите вашите статус и влијание за да зборувате за оние кои немаат глас. Ако одберете да се идентификувате не само со моќните, туку и со немоќните. Ако ја задржите способноста да се замислите во животите на оние кои ја немаат вашата предност, тогаш нема само семејството да го слави вашето постоење, туку илјадници и милиони луѓе чија реалност сте ја промениле. Не ни е потребна магија да го трансформираме светот. Ја имаме сета потребна моќ во нас. Имаме моќ да замислиме подобро.“

Дознајте нешто повеќе и за секојдневните навики на светските милијардери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар