5 ритуали за разубавување кои не треба да ги правите пред спиење
Можеби мислите дека вашите ритуали пред спиење ќе ви помогнат да го одржите здравјето на кожата и ќе ви помогнат добро да се наспиете. Но за жал, ова не е секогаш вистина. Некои ритуали сепак е подобро да ги практикувате наутро.
1. Бричење
Иако нема ништо лошо во бричење навечер, доколку сакате лицето да ви биде мазно, најдобро е тоа да го правите наутро. Подобро е да се разбудите порано за да имате време и да не ризикувате да се пресечете.
2. Туширање со жешка вода
Иако туширањето со жешка вода изгледа како нешто што најмногу ќе ве опушти, всушност тоа може да ви влијае на сонот. Кога се туширате пред спиење температурата на вашето тело се покачува. Температурата не телото во текот на ноќта е пониска, а тоа ви помага во спиењето. Па, ако се туширате навечер дајте му време на телото да се „разлади“ за да можете да спиете добро.
3. Чистење на лицето со сапун или несоодветен препарат
Миењето на лицето со кој било сапун може да биде многу штетно за вашата кожа. Можете да предизвикате црвенило, или уште полошо, акни. Пред да го одберете вистинскиот препарат за вашето лице, откријте каков ви е типот на кожата. Ако имате премногу чувствителна кожа треба секогаш да користите посебни производи за чистење на лицето, а не сапун.
4. Нанесувате погрешна хидратантна крема
Како и чистењето на лицето со погрешен препарат, така и користењето погрешна хидратантна крема е лошо за вашата кожа. Откако ќе го измиете лицето, целта на кремата е да ја поправи штетата од загадувањето, сонцето и стресот во текот на денот. Важно е да знаете дека ноќните и дневните креми се различни. Дневните креми се со полесна текстура,а често содржат и заштитен фактор. Ноќните креми се погусти и ја омекнуваат кожата додека спиете.
5. Ги четкате забите, но не ги чистите со конец за заби
Чистењето со конец за заби е клучно за грижата на вашите заби и непца. Иако препорачливо е да користите конец два пати дневно за да ги отстраните остатоците кои четката не може, доволно е тоа да го правите само навечер. Четката за заби не ги отстранува сите остатоци од храна, а наталожувањето на тие остатоци предизвикува забен камен.
Погледнете ги и овие предлози за подмладување и разубавување.