5 реченици кои среќните парови ги изговараат секој ден

5 реченици кои среќните парови ги изговараат секој ден

За една врска да може да биде добра и успешна, вие треба многу да работите на неа. На љубовта ѝ треба добра подлога во облик на правилна комуникација помеѓу партнерите за таа да успее, па токму затоа следниве 5 реченици можат многу да ви помогнат во оваа цел.

5 реченици кои среќните парови ги изговараат секој ден

1. Ние можеме да го решиме тоа. Токму зборот „ние“ е клучен за успехот на секоја врска или брак. Овој збор укажува дека вие се доживувате како тим и дека заедно можете да ги надминете сите проблеми кои ќе ви излезат на патот. На тој начин лесно се соочувате со сите оние недоразбирања кои се неизбежни во долгите врски.

2. Разбирам што ми кажуваш. Сите ние често се жалиме дека партнерот не нè слуша. Желбата да бидеме чуени и разбрани е дел од човековата природа. Со изговарањето на овие реченици вие му давате на вашиот партнер до знаење дека ги разбирате неговите мисли, желби, несигурности или проблеми. Но, исто така имате можност и да возвратите со свое мислење, укажувајќи му/ѝ дека се грижите за него/неа.

3. Луд/а сум за тебе. Луѓето најчесто ги задржуваат за себе убавите мисли за своите партнери, но тие треба да бидат поделени и со нив. Ако сте горди на вашите дечко или девојка, едноставно кажете им го тоа јасно и гласно. Ако ве привлекуваат, исто така не се воздржувајте да го искажете тоа. Сите ние одвреме-навреме сакаме да ги дознаеме оние нешта кои другата половина ги цени или сака кај нас…

4. Ти благодарам. Најсреќните парови знаат дека големата тајна за љубовната среќа се крие во малите нешта. Немојте да заборавате де кажете „Ти благодарам“ кога тоа треба да следува. Со оваа магична изјава вие оддавате признание за неговиот или нејзиниот труд и вложување.

5. Само напред, ти можеш! Оваа реченица испраќа едноставна, но силна порака. Вие со неа му/ѝ кажувате дека сте покрај него/неа, дека му/ѝ верувате и дека го чувате неговиот/нејзиниот грб. Ова е нешто што секој сака да го чуе од љубените со цел да се почувствува посигурно кога се впушта во нови авантури.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар