5 реченици кои луѓето со пеги на лицето постојано ги слушаат

5 реченици кои луѓето со пеги на лицето постојано ги слушаат

Луѓето кои немаат пеги различно гледаат на нив. За некои тие се симпатични, за други не се, а трети претпоставуваат дека личноста има некаков проблем со кожата. Затоа луѓето кои ги имаат добиваат и најразлични коментари во врска со нив. Тие немаат друг избор освен да ги слушаат и да реагираат на тоа како што немаат избор дали да ги носат пегите на лицето или не. Од сите коментари кои ги примаат, овие пет се најчестите.

5 реченици кои луѓето со пеги на лицето постојано ги слушаат

1. „Не слушај што ти велат другите. Пегите се прекрасни.“

Многумина го мислат ова, но и покрај тоа пегавите деца растат сметајќи дека се поразлични од другите и дека можеби не се најубавите меѓу своите врсници. Иако никој не ги навредува поради точките на нивното лице тие сепак ретко се чувствуваат комотно во ситуации кога се зборува на оваа тема и затоа сакаат да ја избегнуваат.

2. „Насекаде ли имаш пеги?“

Пегите кај овие луѓе се појавуваат на секој дел на кожата до кој допрело сонцето. Кој било дел од телото, ако е изложен на сонце доволно долго ќе добие пеги.

3. „Пегите се чудни.“

Како што веќе спомнавме, пегавите веќе се чувствуваат како да се почудни од другите поради точките по нивното лице и тело. Но, тоа не е нивен избор. Такви ги создала природата, па следствено на тоа нивниот изглед е сосема нормален.

4. „Имаш нешто на лицето. А, не… немаш.“

Некои луѓе можат да ги помешаат пегите со нешто што „се закачило“ на лицето. Сигурно дека тоа не е намерно ниту злонамерно, но е уште еден момент кој пегавите ги потсетува дека се поинакви. Ако не им се допаѓа што се поинакви, тогаш многу се нервираат од вакви забелешки.

5. „Никогаш не сум ги сакал/а моите пеги, но ти изгледаш многу убаво со нив.“

Ова е комплимент кој секој од нив сака да го добие. Многу луѓе со пегави лица се помируваат со тој факт како што созреваат и почнуваат да се сакаат себеси какви што се и со задоволство примаат вакви убави забелешки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар