5 разлики помеѓу вистинската љубов и привлекувањето

5 разлики помеѓу вистинската љубов и привлекувањето

Љубовта е комплицирана и честопати може да биде помешана со страста, привлекувањето или нешто сосема друго. Дали вие сте заљубени во вашиот партнер или тој само ве привлекува? Во продолжение можете да видите неколку разлики помеѓу привлекувањето и вистинската љубов, па ќе бидете во можност да ја согледате ситуацијата во вашата сегашна врска, a и полесно да ја препознаете љубовта во идната.

5 разлики помеѓу вистинската љубов и привлекувањето

1. Љубовта е несебична, привлекувањето е себично

Кога сте заљубени, вие ќе бидете фокусирани на тоа да ја направите другата личност среќна. Секогаш ќе сакате да бидете сигурни дека вашиот партнер се чувствува сакано и исполнето. Вие не се споредувате ниту пак си ги набројувате работите што сте си ги направиле еден за друг, не манипулирате, ниту пак чувствувате дека некој треба да доминира. Кога некој само ве привлекува, вие се фокусирате на начините на кои таа личност може да ве направи среќни. Можете да станете многу зависни од партнерот, па ќе се обидете да го/ја контролирате. Во вакви случаи личноста го користи нејзиниот партнер за да ја зголеми својата самодоверба и да ја пополни празнината во себе, затоа што смета дека партнерот е одговорен за нејзината среќа и станува лута доколку тој не успее да донесе задоволство.

2. Љубовта вклучува слобода, привлекувањето вклучува контролирање

Взаемната љубов ви овозможува и на двајцата да бидете она што навистина сте. Вашиот партнер ве поттикнува да бидете вистински и не се плаши да ги види вашите слабости. Меѓусебната доверба ви помага заеднички да созревате и да растете. Љубовта никогаш не вклучува контролирање, туку партнерот ја прифаќа другата личност онаква каква што е, охрабрувајќи ја да ги оствари своите соништа. Од друга страна пак, привлекувањето речиси во сите случаи вклучува контролирање на однесувањето. На пример, овде партнерот може да забранува излегување, дружење со пријателите и слично. Исто така тој би се обидувал да манипулира со другата личност, без оглед на чувствата.

3. Љубовта значи заеднички раст, привлекувањето го спречува тоа

Ако сте вљубени, вие и вашиот партнер ќе растете заедно и двајцата ќе се обидувате да станете подобри отколку што сте. Накратко, вашиот партнер ќе го стимулира вашиот раст, а и вие истото би го сториле за него. Во случаи каде што постои само привлечност, желбата за контролирање го ограничува сопствениот и растот на вашиот партнер, при што станува тешко да имате здрава и нормална врска.

5 разлики помеѓу вистинската љубов и привлекувањето

4. Љубовта е трајна, привлечноста е минлива

Љубовта преживува со текот на времето. Вие и вашиот партнер можеби ќе се разделите повремено или трајно, но доколку вистински сте биле вљубени, тогаш таа личност секогаш ќе има место во вашето срце и вие ќе ѝ посакувате сѐ најдобро во понатамошниот живот. Од друга страна пак, доколку помеѓу вас постоела само привлечност, најверојатно ќе доживеете големо незадоволство по раскинувањето. Ова произлегува од претпоставката дека вашиот партнер има обврска да ве направи среќни.

5. Љубовта го намалува егото, привлекувањето го зголемува

Кога сте заљубени, вие не сте фокусирани само на себе. Врската ви служи за да го намалите вашето его, да го поттикнете растот и ве прави помалку себични. Односот кој го имате со вашиот партнер прави позитивни промени за вас, а што е уште поважно и двајцата ќе имате храброст да ги споделите своите слабости и полесно да комуницирате. Што се однесува до врската која е изградена врз основа на привлечноста, тука доминира егото. Ова е причина зошто многумина повторно и повторно се соочуваат со истите проблеми. Ова создава чувство на зависност, односно дека едната личност не може да биде среќна без нејзиниот партнер, врз кој се потпира буквално за сѐ, дури и за најмалите проблеми.

Па, време е подетално да погледнете во вашите односи и да се запознаете со вашите вистински чувства. Можеби ќе откриете нешто што до сега не сте го знаеле!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар