5 работни модни комбинации за 5 работни дена
Не е никаква тајна дека жените имаат проблем со тоа што да облечат, без разлика за каде се подготвуваат. Тоа се случува поради желбата постојано да имаат нови модни комбинации, како и одлично да изгледаат, и тоа не поради другите, туку исклучиво за себе. Затоа настануваат и сите оние утрински маки и пребарувања по гардеробата. Доколку не сакате да пребарувате, а исто така ви фали и модна инспирација, тогаш ви предлагаме 5 одлични работни модни комбинации за следнава работна недела.
Понеделник
Со оглед на тоа дека е прв работен ден од неделата, би требало во текот на овој ден да бидете најсвежи и најмодерни, дури и да не се чувствувате така. Но, барем вашата модна комбинација нека биде таква. Изберете фустан од гардероберот кој достигнува должина до колената или малку под нив. Облечете високи потпетици и оставете впечаток на елеганција и уредност.
Вторник
Како што одминуваат деновите во неделата, така и обврските стануваат сѐ поголеми и сѐ покомплексни, поради што е потребно да внесете малку разонода во тие денови. За вторник кој ќе биде исполнет со успех и позитивна енергија, ви предлагаме малку боја со чие носење веднаш ќе се почувствувате подобро. Понесете сако во силна боја или некоја блуза, а истите комбинирајте ги со елегантни панталони и високи потпетици и подготвени сте да освоите уште еден ден на работниот место.
Среда
Кога ќе дојде средината на неделата веќе се дише полесно, зарем не? Меѓутоа, тогаш најмногу се работи и истражувањата покажуваат дека токму во среда се остваруваат најдобрите резултати. Затоа за среда избираме една вистинска работна модна комбинација која ја сочинуваат комплет од едноставна блуза, високи потпетици и чанта која е соодветна со нив.
Четврток
За овој ден ви предлагаме некоја полежерна модна комбинација. Доколку имате фустан без ракави, а времето е студено за да го носите, тогаш комбинирајте го со кошула или ролка под него. Одберете помеѓу високи потпетици или високи чизми и ќе изгледате фантастично и сосема соодветно за професионалното опкружување.
Петок
Кежуал петок е денот за забава и среќа, бидејќи по него следува викенд и одмор. Ова е дефинитивно денот кога можете да издишете и да се појавите на работното место во фармерки или некои панталони и џемпер, а целата комбинација да ја надополните со интересен аксесоар. Ова ќе биде сосема доволно за да го испратите овој ден кој секоја вработена личност го обожава.