5 работи за депресијата кои никој нема да ви ги каже

5 работи за депресијата кои никој нема да ви ги каже

Денес милиони луѓе во светот страдаат од депресија. Ако спаѓате овде, голема е веројатноста да сте примале терапија во форма на лекови обидувајќи се да се справите со очајот, безнадежноста и недостатокот од енергија. Понекогаш причината за оваа болест не е толку очигледна. Можеби сте помислиле дека лековите не се доволни и сакате подлабоко да навлезете во проблемот, да го откриете неговиот корен. Во продолжение погледнете ги 5-те нешта кои никој нема да ви ги каже за депресијата.

5 работи за депресијата кои никој нема да ви ги каже

1. Депресијата не е само едно нешто

Сите сакаме брзо и едноставно решение на нашите проблеми. Компаниите за лекови ги поедноставуваат нештата покажувајќи ни слики од точки кои пловат помеѓу нервните клетки, а кога земаме антидепресиви има повеќе од нив. Поедноставувањето им помага да продадат повеќе лекови , но тоа не е секогаш од помош. Депресијата е комплицирана. Потребен е специфичен пристап за секоја индивидуа, па еден лек не може да им помогне на сите.

2. Депресијата вклучува поврзување или недостаток од поврзување со луѓе

За некои најдобриот начин да ги ублажат симптомите на депресија е давање помош. Кога им помагаме на другите се чувствуваме подобро и светот ни изгледа како подобро место. Исто важно е и вие да побарате помош. Навистина е повеќе лесно да се каже отколку да се направи, но сигурно ќе се чувствувате подобро.

3. Депресијата може да биде нормална реакција на живеење во свет без рамнотежа

Депресијата можеби е болест на мозокот во смисла што сè во нашите животи е поврзано со она што ни се случува во мозокот. Но, таа е многу повеќе од тоа. На многу луѓе им е јасно дека живееме во свет без рамнотежа. Ја загреваме планетата, пребрзо ги трошиме ресурсите, ги загадуваме водата и воздухот, убиваме цели животински видови, го засилуваме конфликтот помеѓу мажите и жените и државите, сиромаштијата станува сè почеста и има огромна разлика во богатството. Пиењето лекови нема да ги реши овие проблеми.

4. Депресијата има корења во некоја рана семејна траума

Едно истражување кое започнало во 1996-та година го поврзува стресот од детството со болестите во подоцнежниот живот. Оттогаш над 1.500 истражувања ги потврдиле овие резултати. Овде спаѓаат сексуалната злоупотреба и физичкото малтретирање, но и многу ситуации кои се сметаат за нормални, како растење со разделени родители, живеење со родител алкохоличар или родител кој ве понижувал. Луѓето кои искусиле 4 од овие категории имале двојно поголеми шанси да бидат дијагностицирани со рак или депресија.

5. Депресијата може да биде предизвикана од подлабока рана

Милиони мажи и жени пораснале во дом во кој таткото бил оддалечен, отсутен или нефункционален. Многу често не му придаваме значење на минатото, го даваме најдоброто од себе, растеме и продолжуваме со животот. Но поради ова не ја гледаме поврзаноста помеѓу раните од детството и проблемите во животот понатаму.

Погледнете и кои се знаците на депресија кои луѓето често не ги забележуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар