5 работи за бојадисувањето на косата кои вашиот фризер се надева дека ги знаете

5 работи за бојадисувањето на косата кои вашиот фризер се надева дека ги знаете

Без разлика дали сами ја бојадисувате или одите на фризер, постојат некои факти за бојадисувањето на косата кои се неизбежни, а кои вашиот фризер се надева дека ги знаете. Погледнете за што станува збор.

1-5-raboti-za-bojadisuvanjeto-na-kosata-koi-vashiot-frizer-se-nadeva-deka-gi-znaete-www.kafepauza.mk_

1. Испробајте ја бојата која ви се допаѓа на краевите на косата

На многу жени им се има случено да видат некоја нова боја на коса на некоја славна личност и во истиот момент да посакаат да имаат иста таква. Тие не сфаќаат дека кожата на главата, но и самата текстура на косата се разликува од личност до личност. Затоа најдобро е пред да ја остварите донесената одлука, да се консултирате со вашиот фризер околу тоа дали ќе успеете да ја добиете посакуваната боја, па дури и да ја испробате на краевите за да видите како таа навистина ќе изгледа на вас.

2. Не испробувајте ги сами новите трендови

Доколку сакате да испробате некој од многубројните трендови кои вклучуваат бојадисување на косата, како што е на пример омбрето, тоа никогаш не правете го сами, бидејќи резултатот може да биде катастрофален. Во прашање се комплицирани техники кои можат да ги направат само професионалци за да изгледаат така како што треба. Затоа најдобро е да се консултирате со вашиот фризер пред да направите таков чекор.

3. Избегнувајте драстични промени на бојата преку ноќ

Кога велиме дека жените се многу специфичен вид, мислиме на ова, бидејќи се во состојба да посакаат да преминат од бринета во русокоса, и тоа преку ноќ! И всушност тоа се обидуваат да го направат. Го земавме најдрастичниот пример, бидејќи многумина фризери се имаат соочено со овој проблем, па треба да знаете дека ваквите промени е неопходно да ги избегнувате и воопшто да не се обидувате од темна нијанса да преминете во драстично посветла.

2-5-raboti-za-bojadisuvanjeto-na-kosata-koi-vashiot-frizer-se-nadeva-deka-gi-znaete-www.kafepauza.mk_

4. Заштитете ја бојадисаната коса пред пливање

Во текот на летото солената вода, а во текот на зимата пливањето во базен и хлорот, може навистина да ја оштетат вашата бојадисана коса, па затоа е многу важно секогаш добро да ја третирате за бојата да трае подолго. Покрај тоа, доколку не морате, немојте да ја мокрите косата кога сте на море или базен.

5. Избегнувајте преголема количина на средства за нега

Не претерувајте со употребата и комбинирањето на средствата за нега на косата, бидејќи може да предизвикате спротивен ефект, а за тоа да не бидете ни свесни. Затоа е пожелно да се советувате со вашиот фризер околу тоа кои производи би требало да ги користите, за да не ја оштетите вашата коса дополнително после бојадисувањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар