5 работи што треба да престанете да ги правите во 2012 година

5 работи што треба да престанете да ги правите во 2012 година

Автор: Боро Мирчески

Сигурно имате безброј навики за кои ниту самите не сте свесни, но тие очајно ви го отежнуваат вашето секојдневие. Затоа, мора да одвоите дел од вашето скапоцено време и да посветите неколку минути на ден размислувајќи колку продуктивно го трошите времето од денот и како да скратите на губење време на „непотребни“ работи. Еве мала помош и од нас, од каде најпрво да започнете со „заработката“ на дополнително време за продуктивно уживање во денот:5 работи што треба да престанете да ги правите во 2012 година

1. Престанете да „висите“ над електронското сандаче

Секој експерт за продуктивност во светот ќе ви каже дека електронската пошта мора да се проверува на интервали не пократки од 90 минути, наместо постојано да „висите“ над електронското сандаче и да кликате „рифреш“. Верувајте, никој нема да ви се налути ако одговорот на електронската пошта го добие за 90 минути, наместо за 10 минути. А вие, во меѓувреме ќе можете да најдете многу нешта на кои можете да го потрошите времето, наместо на постојано примање и одговарање на електронската пошта.

2. Немојте да бидете „клише“

Доколку одредена личност ви недостасува и сакате да стапите во контакт со неа, не мора да чекате да дојде некој празник, па да ù испратите смс или електронска порака. Бидете инвентивни. Не е потребен повод за да побарате некого да испиете едно кафе во некое од градските кафулиња, доколку тоа навистина и го посакувате. Воопшто не е срамно и да ги изненадите вашите најблиски со подарок, во време кога тие најмалку го очекуваат тоа од вас.

3. Прескокнете ја „црната хроника“ во весникот

Оваа година обидете се да останете „глуви“ на сите вести од рубриката „црна хроника“. Во светот не се случуваат само лоши работи и поради тоа нема потреба на дневна база да се „труете“ со вести од таков вид. Таквите вести, сами по себе се депресивни и многу лесно може да ја префрлат депресијата и врз вас. Мислете позитивно и дејствувајте позитивно! Неверојатен ќе е резултатот ако почнете постојано да размислувате оптимистички.

4. Престанете да ја работите работата која не е доволно добра за вас

Доколку сте заглавени на работно место, кое не ве исполнува или не сте доволно платени за работата која ја работите, веднаш дадете отказ. Да, времињата се тешки и потребни се финансии, но верувајте дека постои огромна веројатност, токму во времето кога сте невработени да ви се појави нова можност за вработување. Замислете тоа да биде токму во компанијата во која од секогаш сте посакувале да работите!?

5. Не правете ги работите покомплицирани од тоа што се

Оваа година обидете се животот да ви биде едноставен. Експертите кои говорат за специјализираниот магазин за мажи „Ask Men“ тврдат дека едноставноста во животот ќе ви ја намали секојдневната главоболка, а со тоа и стресот. Нема никаква потреба да ги комплицирате работите повеќе од тоа што се.

Доколку примените барем неколку од овие совети ќе заштедите голем дел од вашето време, верувале вие или не. Така ќе имате повеќе време, кое може да го трошите токму на оние работи кои ве исполнуваат и ве прават среќни.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

643832


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. aleksandra Reply

    Super sovet e da se ostane gluv za losite raboti sto se slucuvaat okolu nas. Treba da mislime deka se e rozevo i deka ziveeme vo zamislen sve??

  2. caci Reply

    Верувајте ќе останам без работа ако го применам ова
    “…Верувајте, никој нема да ви се налути ако одговорот на електронската пошта го добие за 90 минути, наместо за 10 минути…

  3. Игор Reply

    caci +1 (такоџе)

Остави коментар