5 работи што никогаш не треба да ги правите додека сте во кревет

5 работи што никогаш не треба да ги правите додека сте во кревет

Креветот пред сè е место за одмор, но честопати во него правиме секаков вид други активности. Токму од овие навики мора да се ослободите, доколку сакате да се разбудете одморени и наспани.

1-izbegnete-gi-problemite-5-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-krevet-www.kafepauza.mk_

1. Гледате телевизија

Гледањето телевизија е дел од вечерниот ритуал на многу луѓе, но се работи за грешка која ви го нарушува сонот, особено ако имате навика да спиете со вклучен телевизор. Експертите предупредуваат дека светлината од екранот всушност го спречува создавањето на мелатонин, хормонот кој го поттикнува чувството за приспивање. Содржината кој ја гледате пред спиење, исто така влијае на сонот, па затоа избегнувајте филмови или серии со насилна тематика.

2. Го користите мобилниот телефон

Го исклучивте телевизорот и компјутерот, отидовте во кревет, а потоа посегнавте по мобилниот телефон за да проверите што има на социјалните мрежи? Во прашање е уште една лоша навика. Мобилниот телефон влијае на вас исто како и телевизорот, бидејќи емитува уште поголема количина на светлина директно во вашето лицето и оневозможува да заспиете.

3. Јадете

Заборавете на појадок во креветот или на полноќните ужини, освен ако секојдневно не ја менувате постелнината. Трошките храна брзо и лесно се завлекуваат во креветот и привлекуваат крлежи, мравки и други инсекти.

2-izbegnete-gi-problemite-5-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-krevet-www.kafepauza.mk_

4. Се расправате

Креветот честопати е место на бурни расправии со партнерот кои може да ескалираат во караница. Лесно е да пламнете после стресен ден на работното место и сите фрустрации обично излегуваат на виделина кога ќе се спремите за спиење. Експертите советуваат овие расправии да ги оставете за некоја друга доба од денот, бидејќи насобраните негативни емоции пред спиењето може лошо да делуваат на нашето емотивно здравје.

5. Спиете со вашиот домашен миленик

Многу луѓе сакаат да им препуштат малку место од својот кревет на домашните миленици и тоа нужно не е лоша идеја. Докажано е дека таа навика го намалува стресот, бидејќи во друштвото на животните се чувствуваме мирно и удобно. Меѓутоа, спиењето со домашните миленици има и една голема маана, а во прашање е испрекинатиот сон. Животните имаат поразличен ритам од луѓето, често се будат, а на тој начин може да ве разбудат и вас неколку пати во текот на ноќта што многу ќе влијае на вашиот одмор. Доколку имате немирен миленик, избегнувајте го спиењето во негово друштво.

3-izbegnete-gi-problemite-5-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-krevet-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар