5 работи што ги знаат оние кои растеле во големи семејства
Големите семејства не се исполнети само со љубов и врева, туку и со можности да се научат некои животни лекции кои се важни. Ова се пет од нив.
1. Не можеш секогаш да го добиеш тоа што го сакаш
Не е исто да се одгледа едно дете или четири деца со истиот приход. Оние кои имаат повеќе деца треба да бидат мудри при планирањето на буџетот, но како и да сметаат, големи се шансите дека на крај пак некое од децата ќе треба да причека за нешто. Затоа децата кои растат во големи семејства уште од мали нозе учат дека во животот не се добива сè кога и да се посака.
2. Границите на личниот простор најчесто се преценета работа
Децата во големите семејства делат сè, вклучително и личниот простор. Во една соба спијат по две-три деца, по исто толку може и да се бањаат заедно додека се мали. Ним тоа не им пречи, туку напротив, имаат посилно чувство на заедништво. Тие знаат дека границите на личниот простор понекогаш се преценета работа, барем кога станува збор за блиските.
3. Мора да се дејствува на време
Според поговорката „Кој рано рани, две среќи граби“, во големо семејство е важно со време да почнете да го правите тоа што сакате да го правите. За да не се случи да чекате половина час за туширање или многу подолго за да ви дојде редот да го позајмите автомобилот од родителите, најдобро е да си ги резервирате работите. Овој начин на размислување им се исплати подоцна во животот.
4. Тимската работа е најважна
Децата во ваквите фамилии уште од мали нозе ја учат вредноста на тимската работа. Заедничките стратегии за лажење и криење од родителите, како и заедничкиот настап против каква било опасност од нешто или некого е добивка која може да се примени на секое поле во животот.
5. Знаат да се стават во туѓа кожа
Емпатијата е квалитет на оние кои имаат повеќе браќа и сестри. Тие имаат увид во личниот живот на луѓе од различни возрасти и од различен пол и знаат да разберат работи кои на другите им изгледаат чудно.