5 работи од средношколските денови кои ќе му недостигаат на секој бруцош

5 работи од средношколските денови кои ќе му недостигаат на секој бруцош

Тргнувањето на факултет, особено во друг град, е навистина возбудливо. Можеби веќе ви се спакувани куферите и сигурно постојано му пишувате на вашиот нов цимер. Возбудата е оправдана и ова ново поглавје од вашиот живот треба да го пречекате со отворени раце. Но пред да го потрошите остатокот од летото во фантазирање за студентските денови, уживајте уште малку во работите кои ги имате.

(6)5-raboti-od-srednoshkolskite-denovi-koi-kje-mu-nedostigaat-na-sekoj-brucosh-kafepauza.mk

Штом ќе тргнете на факултет, многу работи ќе се променат, па сигурно ќе има нешто што ќе ви недостига од средношколските денови. Уживајте во следниве 5 работи додека можете, бидејќи мали се шансите дека ќе ги имате штом ќе заминете на факултет.

1. Тивко место за вас

(1)5-raboti-od-srednoshkolskite-denovi-koi-kje-mu-nedostigaat-na-sekoj-brucosh-kafepauza.mk

Доколку живеете со цимер, сигурно ќе го сакате, но треба и да се потрудите да биде така бидејќи речиси ќе немате време само за себе. Постојано ќе бидете со новиот цимер, па ако сте личност која сака малку време за себе, искористете го тоа пред да заминете на факултет.

2. Вкусни домашно подготвени оброци

(2)5-raboti-od-srednoshkolskite-denovi-koi-kje-mu-nedostigaat-na-sekoj-brucosh-kafepauza.mk

Како студент кој заминал од својот град за на факултет, ќе немате многу време за готвење и исхраната најмногу ќе ви се состои од брза храна. Сигурно ќе ви недостига семејниот ручек, па уживајте во него сега најмногу што можете.

3. Тестови за кои не треба да учите цела ноќ

(3)5-raboti-od-srednoshkolskite-denovi-koi-kje-mu-nedostigaat-na-sekoj-brucosh-kafepauza.mk

Иако не секогаш, но имајте на ум дека ќе има денови кога ќе бидете зафатени со проекти, есеи и испити, па нема ни да се сеќавате кога последен пат сте спиеле. Уживајте во спиењето без стравот од лоши оценки додека имате време.

4. Рутина

(4)5-raboti-od-srednoshkolskite-denovi-koi-kje-mu-nedostigaat-na-sekoj-brucosh-kafepauza.mk

Единствената рутина која ќе ја имате на факултет е распоредот на предавања. Секогаш ќе треба да одбирате помеѓу спиење, дружење, учење или релаксирање, па ниту една недела нема да наликува на друга. Ако сте некој кој ужива во спонтаноста, ова ќе биде совршено за вас. Но ако сте научени на секојдневна рутина, најдете начин да се ослободите од неа.

5. Час со сите ваши пријатели

(5)5-raboti-od-srednoshkolskite-denovi-koi-kje-mu-nedostigaat-na-sekoj-brucosh-kafepauza.mk

Голема е веројатноста дека сите пријатели ќе се запишат на различен факултет, или пак ќе имаат различен распоред на предавања. Се разбира, ова ќе ви помогне да запознаете нови луѓе, но деновите кога сите пријатели имате еден ист час ќе бидат зад вас.

Иако ќе ви недостигаат некои работи, студентските денови ќе ги сакате уште повеќе од средношколските. Уживајте во последните денови од вашата „слобода“, а потоа радувајте се. Ве чека прекрасен период од вашиот живот.

Погледнете ги и овие генијални трикови кои ќе ви го олеснат студентскиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар