5 работи на кои секоја жена треба да се сети кога не може да поднесе уште едно кршење на срцето
Понекогаш животот може да ве удри како вистински голем бран. Секој пат кога пробувате да се исправите, друг бран ве враќа на земјата. Секој човек ќе почувствува како е да му биде скршено срцето барем еднаш во животот, но тоа не ја намалува болката. Еве 5 работи кои секоја жена треба да ги има на ум кога смета дека не може да поднесе повеќе разочарувања.
1. Живејте од ден за ден
Лесно е да се потресувате за иднината кога се соочувате со скршено срце. Можеби ќе мислите што ќе им кажете на пријателите, или пак што ќе направите ако налетате на бившиот партнер во продавницата. Доволно сте повредени и без овие мисли. Фокусирајте се на сегашноста, размислете што можете да правите штом ќе ја преболите неуспешната врска. Ако го правите ова, многу полесно ќе се справувате со пречките во иднина.
2. Не плашете се да побарате помош
Никој не сака да бара помош. Сепак вие сте силна, независна жена која сама може да се справи со сѐ, така? Само затоа што можете, не значи дека треба да го правите тоа. Посегнете кон оние кои ве сакаат, како на пример, вашата мајка, најдобриот пријател или кој било кому му верувате. Зборувањето за проблемот ќе ви помогне. Потребен ви е ден за вас? Побарајте слободен ден од работа, отпатувајте некаде на викенд, замолете ја мајка ви да ги почува децата и опуштете се во сауна, или правете нешто што сакате.
3. Одржете ја нормалната рутина
Ништо не е попримамливо од тоа да се затворите во соба со еден куп сладолед. Но ништо не може да ве порази како менувањето на вашиот дневен распоред, а во овој период сигурно не ви е потребно уште нешто што прави да се чувствувате лошо. Одржувањето на вашата редовна рутина не само што ќе го држи вашиот ум зафатен, туку ќе ви даде и чувство на цел, нешто што многу луѓе го немаат во овие ситуации.
4. Зафатете се со нешто ново
Одете на часови за готвење, научете да цртате, напишете поема… што било што ви изгледа примамливо. Искористете го кршењето на срцето за да се подобрите како личност.
5. Верувајте дека ќе го надминете ова
Дури и ако ги следите претходните совети, сепак ќе имате лоши денови. Лесно е да верувате дека никогаш повеќе нема да пронајдете среќа, но ова не е точно. Можеби повторното градење на вашиот живот ќе ви одземе повеќе време, но ако верувате во себе, ќе го надминете ова. Вие сте посилни отколку што мислите, и тоа низ што минувате ќе ве направи посилни, посреќни и со поголема самодоверба.
Прочитајте ги и овие пораки кои ќе ви ја вратат вербата во љубовта.