5 работи кои треба да ги знаете доколку се забавувате со фитнес инструкторка

5 работи кои треба да ги знаете доколку се забавувате со фитнес инструкторка

Професијата на една жена или девојка многу зборува за нејзиниот карактер. Нејзината работа во голема мера влијае врз нејзината слобода, креативност и комуникативност. Фитнес инструкторките, како и сите останати девојки и жени, си имаат свои карактеристики и одреден начин на живот. Доколку сакате да се забавувате со фитнес инструкторка или веќе имате партнерка која се занимава со оваа професија, добро би било да ги знаете следните работи. Она што е важно е дека со неа нема да ви биде здодевно.

(1) 5 работи кои треба да ги знаете доколку се забавувате со фитнес инструкторка

1. Таа е секогаш гладна

Буквално секогаш. Само што ги завршила овесните снегулки со јогурт и овошје, има 96,5 проценти шанса веќе да размислува на ручекот и 68 проценти шанса низ главата да ѝ поминала слика од чинијата полна со храна што ја планира за вечера.

Таа не е девојка која во ресторан ќе нарача само салата, туку ќе нарача обилен оброк, а можеби ќе земе и некое компирче од вашата чинија. Поради тоа, кога одите на вечера, имајте на ум дека на масата треба да има поголем избор на јадења.

2. Наутро станува многу рано

Нејзиниот часовник не ѕвони во 5 часот наутро само понекогаш, туку секој ден. Затоа, кога излегувате со фитнес тренер, не се разочарувајте доколку сака да замине дома уште во 21 часот. Тоа не е поради вас, дека сте и здодевни или оти не ѝ е интересно. Таа едноставно сака да оди дома и да си легне, за да ги отспие осумте часа, кои ѝ се потребни утрината да биде свежа и подготвена за работа.

3. Таа ќе го извлече најдоброто од вас

Кај оваа девојка нема да ви помогнат изговорите дека не сте доволно способни за нешто или дека некоја работа не можете да ја направите и постигнете. Размислете, таа е платена да го вади максимумот од луѓето со кои работи секојдневно. Без оглед дали станува збор за физички активности, планови во кариерата, финансиски прашања, таа секогаш ќе ве тера да си поставувате повисоки граници и да ги постигнувате целите. Затоа е добро да се има ваква девојка покрај себе.

4. Никогаш нема да ви суди

И покрај огромниот број квалитети што ги поседува, не заборавајте дека и таа е човек. Професионалните фитнес тренери никогаш не ги заморуваат своите најблиски и околината со својата професија. Свесни се дека тоа што тие го работат не треба да го наметнуваат на сите останати. Затоа, нема да ви суди доколку понекогаш се излежувате пред компјутер и ја гледате омилената серија или по вечерата изедете неколку слатки повеќе. Можеби дури и ќе ви побара да гризне од вашиот прекрасен избор на десерт (земајќи го предвид фактот број 1)

5. Таа има секојдневна рутина и строг распоред

Јадење, спиење, вежбање, па повторно истото. Нејзиниот распоред е најчесто строго определен и сè се одвива по некаков редослед. Бидејќи мора да внимава на исхраната, таа има секојдневни обврски околу набавката на продукти и подготовка на здрави оброци. Потрудете се да бидете флексибилни во однос на нејзиниот распоред. Таа не го губи времето со луѓе кои не ѝ значат, а кога ќе најде време за вас, тоа е затоа што искрено сака да ве види.

Кога сте во врска со фитнес тренер бидете подготвени на едно брзо темпо, бидејќи таа девојка е активна без прекин. Потрудете се да следите барем мал дел од нејзиниот ритам, можеби ќе забележите подобрување во вашето расположение и физичката кондиција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар