5 работи кои треба да ги запомните кога мислите дека вашиот живот е надвор од контрола
Сите сме поминале низ темни и безнадежни периоди кога го губиме фокусот и се сочуваме со лоши времиња. Знаеме дека логиката се обидува да се избори со чудовиштата кои шетаат низ нашите мисли и најлошиот момент е оној кога ќе заклучиме дека вистинскиот виновник за нашата состојба не е актуелната ситуација со која се соочуваме, туку дека депресијата и недостатокот од перспектива се оние кои го држат нашиот ум затворен и отпорен на промени.
Можеби тоа е лош период во вашата кариера, љубовниот живот, пријателствата или семејството. Во секој случај, вие сакате да направите промена, но не знаете како. Во продолжение прочитајте ги 5-те најуниверзални причини зошто вашиот живот не е толку лош колку што мислите:
1. Вие имате контрола врз својот живот
Ова можеби ќе ви звучи малку неверојатно во потешките моменти, но е целосна вистина и најважната точка во оваа листа. Земете слободен викенд или цела недела за да можете мирно да се чувствувате лошо. На сите ни е потребно време. Така ќе можеме да ја претвориме нашата разочараност и нервоза во нешто продуктивно и да најдеме соодветно решение. Треба сами да си ја обезбедиме промената која сакаме да ја видиме кај себе.
2. Семејството, пријателите и општо луѓето ви се многу потребни
Не знаете колку ви се потребни другите сè додека не станете оружје за масовно уништување чија цел сте самите вие. Потребни ви се личности на кои можете да сметате. Не потценувајте ја поддршката која ви се нуди, прифатете ја и разговарајте со најблиските. Тие ќе ве одведат онаму каде што треба да бидете психички, со тоа што ќе ве потсетат колку сте неверојатни и зошто ќе го пребродите и овој период.
3. Запомнете го постоењето на времето
Во некои случаи, времето може да работи против вас. Но, тоа е многу вредно, бидејќи може да лечи и може да ве мотивира и поттикнува да продолжите понатаму. Времето е ефективна алатка која е добро да ја имате на ваша страна, бидејќи секогаш ќе биде тука.
4. Технологијата е важна
Дури и кога мислите дека сте сами и вашите најблиски не можат да ве разберат, можете буквално да се свртите кон Интернетот и да побарате совет или помош. Интернетот е моќен уред за изразување и откривање сознанија на кои можете да се потпрете.
5. Секогаш ќе постојат омилените филмови, серии, храната и Мајкл Фесбендер
Секогаш е добро да запомните дека постојат работи кои нѐ држат свесни и нѐ прават среќни, како што се пицата која секогаш ја нарачувате, омилениот филм и серија или славната личност која опсесивно ја следите на социјалните мрежи. На крајот, борбата ве прави посилни и вие никогаш не сте сами.