5 работи кои професионалните шминкери би сакале да започнете да ги правите
Професионалните шминкери се оние кои си го „знаат занаетот“, зар не? Токму поради тоа сакаме да слушнеме што тие имаат да кажат во врска со шминката и негата, а околу овие 5 работи сите се согласуваат. Затоа, усвојте ги овие навики што е можно порано.
1. Чистење, чистење, чистење!
Кога е шминкањето во прашање, хигиената во секој случај е многу важна. Тоа значи дека лицето, рацете, четките, несесерот за шминки, како и самата шминка треба да ви бидат чисти. Вашето лице е премногу чувствително за да си дозволите непотребни бактерии. Бидејќи, потоа ќе се жалите кога ќе ви излезат акни или слично. Во таа смисла, водете сметка за тоа како и понатаму ја чувате вашата шминка, а исто така, редовно менувајте ги сунѓерчињата и четките. Ова навистина не е скапо.
2. Не оптоварувајте се со „несовршеностите“!
Верувале или не, професионалните шминкери нè охрабруваат да бидеме такви какви што сме – совршено несовршени! Во ред е да имате некоја акна, некоја пега или брчка. Сето тоа е дел од нас и нашата уникатна личност. Тие нè советуваат малку да „оладиме“ кога е шминкањето во прашање и да не претеруваме со количината на пудра и коректор. Ценете ја природноста! Заборавите на идеалите кои ги создаваат медиумите, засакајте се себеси такви какви што сте.
3. „Премногу“ или „премалку“ веѓи – прашањето е сега!
Сите се согласни околу тоа дека веѓите се многу важни заради целокупниот впечаток кој го оставаме. Но, тука се случува еден мал проблем. Многу од нас претеруваат или во еден, или во друг правец. Премногу или премалку веѓи, како и да свртите, тоа не одговара. Немојте да ги тенчите премногу, но и немојте да ги пуштите да „стрчат“ на сите страни. Држете ги уредни, а доколку е потребно, доправете го со молив за веѓи или со сенка за очи.
4. Сјајте, но умерено!
Хајлајтерот е доста популарен во последно време, но сепак, знаеме да претераме и со него. А убаво сјајно, претерано сјајно и „масно“ сјајно никако не е исто. Затоа, бидете умрени кога ќе посакате да го „зачините“ вашиот изглед со сјајот од црвениот тепих.
5. Внимателно со маскарата!
Секоја од нас сака убави, долги, густи, извиткани и црни трепки, па мислиме дека решението е во трупање маскара додека не ја потрошиме целата. Но, не! Како и во случајот со хајлајтерот, умереноста е важна, но и техниката на нанесување. Нанесете еден слој со ситни цик-цак движења, па малку пудра во прав и на крај, уште малку маскара. Можете да употребите и виткач за трепки доколку сакате уште подобар изглед.