5 работи кои паметните девојки ги прават пред да се заљубат

5 работи кои паметните девојки ги прават пред да се заљубат

Сите ќе се согласиме дека подобро е да се спречи отколку да се лечи. Врските сами по себе се страшни, а да не зборуваме за раскинувањата. Голем ризик е да се доверите некому, особено ако сте биле сингл подолг период. Веќе сте свикнале на тоа да бидете сами и независни и знаете како да пронајдете среќа во таквиот живот. Влегувањето во нова врска го става целиот тој вложен труд на коцка. Но, паметните и самоуверени девојки не ги одбегнуваат љубовните состаноци. Никогаш не треба да се плашите од тоа да започнете врска со некој кој навистина ви се допаѓа.

5 работи кои паметните девојки ги прават пред да се заљубат

Притоа, важно е да не губите време на момци кои не се вредни за тоа. Момци кои сакаат само да спијат со вас, кои велат дека сакаат врска, а никогаш не се врзуваат. Момци кои ќе ви ги симнат сите ѕвезди од небото за потоа да ве треснат со нив по глава.

За среќа, постои начин да ја одбегнете целата таа драма и да направите добар избор. Само треба да бидете повнимателни. Паметните девојки си ја завршуваат домашната задача пред да започнат со макотрпниот процес на запознавање и излегување на љубовни состаноци. Ова се 5-те работи кои тие ги прават со цел да испливаат меѓу илјадниците риби во морето и да фатат добар улов.

1. Не спијте со него пред да се врзе

Најлесниот начин да заклучите колку е сериозен е да видите колку долго е подготвен да ве чека. Ако е заинтересиран само за секс, веројатно нема да ве чека долго. Секако дека постојат вистински професионалци во играва кои ќе чекаат ако треба и месеци, за на крај пак да почнат да ве игнорираат откако ќе спиете со нив. Затоа ова правило треба да го искомбинирате со следните 4 и да го пронајдете најмалиот заеднички содржател.

2. Обрнете внимание на неговите дела, а не зборови

Момците се подготвени да ви изнакажат 300 работи кога ќе ве запознаат. Повеќето се силни на зборови, но не и на дела. Не земајте сѐ што ќе ви кажат здраво за готово, додека не најдете докази кои можат да ги поддржат нивните зборови. Запаметете дека многу поважно е како тие ја покажуваат нивната љубов, а не што велат за неа.

5 работи кои паметните девојки ги прават пред да се заљубат

3. Направете истражување

Нема ништо лошо во „душкањето“ наоколу, сѐ додека е со добра намера. Паметните жени ги користат триковите на социјалните мрежи за да откријат што е можно повеќе информации за нивниот потенцијален партнер. Нормално дека ова не треба да ви премине во опсесија, но треба да се запрашате ако тој става лајкови на десетици девојки во денот, а ви тврди дека досега ѝ нема пишано на ниту една друга на Фејсбук освен на вас, затоа што вие сте биле „посебни“.

4. Поставувајте тешки прашања

Паметните девојки не се плашат дали момчето ќе побегне ако почнат да се распрашуваат. Тој го сака вашето време и труд, така што морате да бидете сигурни дека е вреден за тоа. Прашајте го како се чувствува во врска со нештата кои ви значат и за кратко време ќе знаете дали сте на исто ниво или не. На паметното момче не би требало да му биде проблем да ви ги даде сите потребни одговори.

5. Бидете сигурни дека си одговарате

Морате да бидете на исто ниво со вашите романтични избори. Нема поента во тоа да започнете врска, доколку не ги сакате истите работи. Зошто да се преправате дека си одговарате кога веќе гледате некои значајни разлики меѓу вас двајца? Не треба да трошите време во запознавање некого со кого воопшто нема логика да се гледате. Бидете реалистични уште од самиот почеток и поштедете се од болката која може да ве посети подоцна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар