5 работи кои не морате да им ги кажете на вашите најдобри пријатели

5 работи кои не морате да им ги кажете на вашите најдобри пријатели

Според дефиницијата за вистинско и неразделно пријателство, најдобрите пријатели секогаш треба да се искрени и да си ги кажуваат сите свои тајни. Сѐ она што нема да биде веднаш пренесено се смета за предавство. Но, ова барање не е баш реалистично. Добрината, дарежливоста и лојалноста би требало да доминираат во однос на откривањето на секој можен детаљ од животот. Споделувањето интимни информации со пријател треба да биде избор, а не обврска и ниту пак вие треба да очекувате од нив да ви кажуваат сѐ што им се случува. Со други зборови, постојат работи кои навистина не морате да им ги кажувате на вашите најдобри пријатели. Ова се 5 од нив…

5 работи кои не морате да им ги кажете на вашите најдобри пријатели

1. Трауматични епизоди од минатото

Доколку сте ја имале таа трагична судбина да се соочите со нешто трауматично во минатото, без разлика дали се работи за насилство, тешка болест или нешто друго, сигурно ве советувале дека тој несреќен настан треба да го споделите за да можете да продолжите понатаму. Но, тука се заборава нешто многу важно за процесот на откривање траума – некои луѓе нема да дадат корисни совети. Колку и да го сакате вашиот најдобар пријател, доколку знаете дека нема да ви биде баш од помош, подобро е да не му ја откривате таа информација.

Според доктор Дори Лауб, која работела со оние кои ги слушале искуствата на преживеаните од холокаустот, луѓето на кои им се доверени некои трауматични настани можат да се поделат во неколку категории. Тие можат да реагираат така што ќе останат парализирани и рамнодушни, ќе одговорат со лутина, премногу ќе ја тешат жртвата, ќе почнат да се распрашуваат што се случило или ќе бидат преплавени со емоции и ќе станат премногу емпатични. Ова се стратегии за справување со таквата ситуација, но ниедна од овие реакции не е добра за луѓето кои ги споделуваат нивните најинтимни доживувања. Понекогаш доволно е само да бидете слушнати, подобро е да не добиете повратен одговор.

2. Цели кои нема да ги разберат

Доброто пријателство подразбира реалистичен поглед на способностите и можностите на пријателот. Никој не е совршен, а кога некого добро ќе го запознаете, ги запознавате и сите негови недостатоци. Според едно истражување, опростувањето е најважниот елемент за кое било пријателство или врска да останат здрави и долготрајни. Доколку ги знаете мааните на вашите пријатели, добро знаете што тие можат и не можат да направат за вас. Ако имате некои животни планови и цели што знаете дека тие нема да ги поддржат, не морате да ги споделите со нив.

5 работи кои не морате да им ги кажете на вашите најдобри пријатели

Тие можеби не можат да разберат одредени работи како што се вашата одлука да имате деца, да се преселите во Индија или да основате своја фирма чиј бизнис тие не го одобруваат. Не станува збор за одбегнување на конфликти, туку за прашањето дали вие можете да ги остварите овие работи без нивна поддршка и дали морате прво да добиете нивно одобрување. Ако решите да не ги слушате нивните негативни коментари за вашиот план да станете уметник, тоа не значи дека не ги сакате како пријатели.

3. Интимни детали за вашето здравје или здравјето на членови од вашето семејството

Некои луѓе не сакаат да споделуваат работи за здравствените проблеми или не се подготвени да слушаат милион погрешни дијагнози за нивното здравје. И тоа е сосема во ред. Најдобрите пријатели не мораат да знаат што се случува помеѓу вас и вашиот доктор, тоа е ваша информација а не нивна. Ова уште повеќе важи за здравјето на членовите од вашето семејство. Пристапот кон здравствената состојба на вашиот семеен круг е привилегија, а не право. Можеби нема ни да размислите два пати пред да му се јавите на вашиот најдобар пријател доколку се јави некоја сериозна болест, но не сте лоша личност и ако не сакате да го направите тоа. Споделувањето на проблемите е добра идеја, затоа што на тој начин можете да добиете поддршка и нема да морате да поминувате низ сето тоа сами. Но, не мора да биде неизбежен дел од пријателството, доколку не сакате.

4. Тајни на други луѓе

Имате повеќе најдобри пријатели? Се чувствувате лошо ако еден од нив ви каже нешто и ве замоли да не кажувате на никој? Или имате чувство на вина доколку вашиот најдобар пријател ве праша што ви се случува во животот, а вие само што сте ветиле дека нема да откриете некоја голема тајна? Пријателството не значи дека автоматски морате да ја прегазите вашата лојалност и ветувања кон другите луѓе. Не сте обврзани на пријателите да им ги кажете тајните на вашиот партнер, на колегите или на вашите родители. Доколку тие ве притискаат да им кажете нешто што не сакате, треба сериозно да разговарате со нив и да поставите граници. Тоа е класичен знак на токсично пријателство со пријател кој бара да биде приоритет и да знае сѐ за луѓето што ве опкружуваат, вклучувајќи ги вашиот партнер и семејство.

5 работи кои не морате да им ги кажете на вашите најдобри пријатели

5. Вашето вистинско мислење за нивниот партнер или избор

Треба да се внимава малку со искреноста кон пријателите. Нема да се согласат сите, но не е секогаш потребно да бидете целосно искрени кога станува збор за изборот на вашите пријатели и вашето мислење за истиот. Доколку сметате дека се во опасност и дека можат да бидат повредени, во ред е да кажете нешто. Но, сосема друг случај е ако се работи за различен животен пат или активности кои вие никогаш не би ги направиле. Тогаш подобро е мислењето да си го задржите за себе. Најважно е да бидете внимателни кога го кажувате вашето мислење, да покажете разбирање и добро да го слушате вашиот пријател. Познато е дека најдобрите пријателства можат да бидат поинтимни од многу романтични врски. Дури и да мислите дека нивниот избор на професија е идиотски или дека нивниот партнер ги манипулира, важно е да бидете чувствителни и да го кажете тоа на убав начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар