5 работи кои морате да ги земете предвид пред да го изневерите вашиот партнер
Постојат многу причини за неверство. Можеби вашиот сакан живее на друг крај од светот. Можеби се чувствувате заробено во врска која е монотона, здодевна или токсична. Можеби не добивате доволно љубов, или вие не сте повеќе заљубени.
Понекогаш луѓето изневеруваат понесени од моментот и воопшто не размислуваат за последиците. Но, понекогаш станува збор за добро обмислен процес. Доколку вие се пронајдовте во втората група неверници, размислете за следниве неколку работи пред целосно да ѝ се препуштите на страста и возбудата…
1. Ништо добро нема да произлезе од тоа
Не знаете што ќе се случи и самата помисла на тоа ве возбудува. Мислите дека можеби ќе се вљубите во тоа момче или девојка, дека ќе се венчате и ќе живеете среќно до крајот на животот. Но, размислете малку подобро! Како би можеле да имате среќен крај со некој кој знаел дека сте во врска и сепак решил да учествува во неверството? Дури и да започнете врска, таа засекогаш ќе биде извалкана со нејзиното лошо потекло. Ништо добро не може да произлезе од изневерувањето и тоа е единствената вистина што треба да ја знаете.
2. Некој ќе биде многу повреден
Најверојатно тоа ќе биде вашиот партнер. Можеби мислите дека го заслужува тоа. Ако вашиот партнер или партнерка ви покажувале повеќе љубов, почесто иницирале секс и повеќе ве разбирале, немало да дојде до ова. Или можеби и тие ве повредиле на истиот начин, па сега сакате да се одмаздите. Но, која е поентата на сето тоа? Не се работи за тоа дека вашиот партнер никогаш не погрешил, но зошто би сакале да повредите некого со кого сѐ уште сте во врска? Тоа нема логика и воопшто не е во ред.
3. Грижата на совест нема да ве остави на мира
Вие сте човек со вистински емоции и вистински систем на морални вредности, па затоа ќе се чувствувате засрамено. Ништо нема да може да ве ослободи од чувството на вина. А сите знаеме дека стресот е многу штетен по здравјето.
4. Аферата веројатно не вреди толку многу за да го погазите вашето достоинство
Тој можеби делува како да излегол од љубовните романи на Никола Спаркс. Таа можеби ви се чини како девојката од вашите соништа која ќе ги исполни сите ваши скриени сексуални желби. Но, веројатноста е дека тој е обичен дечко кој се возбудува од идејата дека спие со девојка во врска, а сексот со љубовницата најверојатно нема да ги исполни вашите очекувања.
5. Постои подобро решение
Најдобро е отворено да разговарате со вашиот партнер и да се обидете да ги решите проблемите заеднички, како тим. Или ако навистина сметате дека не постои решение, треба да ја прекинете врската на зрел начин, а не да ја истурате вашата фрустрација со тоа што ќе изневерувате. Што и да одберете, држете се до вашата одлука. Но, никако немојте да го одберете најлесниот, подмолен пат. Вие можете многу подобро од тоа.