5 психолошки знаци дека сте вљубени
„Љубовта вклучува толку многу работи, стигнува толку многу далеку и влијае толку длабоко, што секој обид да се опише, без разлика колку е поетски, само ја претставува лажно.“– Стив Мараболи
„Дали ова е навистина љубов?“ е прашањето што сите си го поставуваме понекогаш кога сме во врска. Меѓутоа, љубовта се јавува во различни форми и луѓето се справуваат со неа на различен начин. За некои, љубовта претставува мирно патување, додека, пак, за други таа е исполнета со страст и интензитет. Најчесто се смета дека љубов е да се сака и да се биде сакан преку воспоставување емоционална и физичка интимност. Според психолозите, ова се главните знаци кои покажуваат дека сте вљубени…
1. Искрени сте еден кон друг
Според едно истражување, партнерите кои се искрени еден кон друг се посреќни, за разлика од оние кои постојано лажат и кријат работи од партнерот. Ако се откриете себеси такви какви што сте пред партнерот и ако тој ве прифати и ве сака и покрај сите ваши предности и недостатоци, тоа значи дека вие двајца сте навистина вљубени еден во друг. Вие можете отворено да разговарате на секоја тема и имате остварено силна емоционална врска.
2. Се чувствувате позитивно после секоја физичка интеракција
Некои истражувања покажале дека ако сексот не се практикува само како сексуален чин, туку како можност да се истражува врската и партнерите подобро да се разберат меѓусебно, како и да ја зацврстат врската, на тој начин во нивната врска ќе владеат позитивните емоции. Сексот не е поврзан само со физичката интимност, туку и со поврзувањето. Ако се чувствувате позитивно после секоја физичка интеракција со вашиот партнер и ако формирате длабока врска по секој однос, тогаш вие двајца дефинитивно сте вљубени еден во друг.
3. Секогаш го одбирате само вашиот партнер и покрај тоа што среќавате многу подобри луѓе
Истражувачите докажале дека ако луѓето бараат подобри партнери додека сѐ уште се во врска, тоа значи дека не се толку посветени. За луѓето кои се вистински вљубени не постои подобри опција.
4. Не се плашите да преземате ризици кога сте со саканата личност
Според некои истражувања, преземањето ризици со партнерот ја зацврстува врската и доведува до однос кој ќе ве прави среќни и задоволни. Токму вашата љубов ќе направи да се чувствувате безбедно. Таа ќе ја зголеми зависноста помеѓу вас двајца и ќе ве направи посилни како пар.
5. Секогаш се обидувате да му го олесните животот на вашиот партнер
Сочувствителната љубов во која партнерите се збогатуваат меѓусебно е суштински елемент од сериозната врска. Љубовта подразбира грижа и развој. Ако обајцата се обидувате да си го олесните животот и да се грижите еден за друг, тоа значи дека вашата врска ќе биде успешна и здрава.
Прочитајте ги и следниве 20 знаци кои докажуваат дека сте заљубени.