5 промени на усните зад кои се кријат здравствени проблеми

5 промени на усните зад кои се кријат здравствени проблеми

Изгледот на нашите усни може да укажува на одредени здравствени проблеми. Здравите усни се розови, меки и мазни. Кога нивниот изглед ќе се промени, тоа е често знак дека нешто не е во ред. Во продолжение проверете ги состојбите со усните на кои морате да обрнете внимание.

2-5-promeni-na-usnite-zad-koi-se-krijat-zdravstveni-problemi-www.kafepauza.mk_

1. Суви и испукани усни

Ако вашите усни се испукани тоа обично значи дека сте биле изложени на ветар, сонце или сув воздух, односно пречесто сте ги оближувале усните. Меѓутоа, во поголемиот дека од случаите се работи за дехидрација. Изразено сувите и испукани усни се знак дека на вашето тело му фалат течности, а проблемот најчесто ќе го решите со редовно консумирање вода.

2. Испукани и воспалени рабови на усните

Рабовите на усните, исто така, може да бидат испукани, но ако таа појава ја следи и воспаление што не исчезнува во текот на два-три дена, најверојатно е во прашање габична инфекција. Посетете доктор кој ќе ви препише средство за третирање на габичната инфекција. Избегнувајте каква било иритација или оближување на тоа подрачје од усните.

3. Сини усни

Усните со сина боја упатуваат на здравствениот проблем кој се нарекува цијаноза. Зад тој израз се крие модрило на кожата и слузница која се создава заради недостаток на кислород во крвта и тиквата.

1-5-promeni-na-usnite-zad-koi-se-krijat-zdravstveni-problemi-www.kafepauza.mk_

4. Бледи усни

Бледилото е едно од првите знаци на анемија. Ако вашите усни биле со розова боја и забележувате дека со тек на време стануваат сѐ побледи, време е да го посетите вашиот доктор и да направите крвна слика, бидејќи најверојатно имате недостаток на железо.

5. Отечени усни

Ако сте доживеале некој удар во пределот на усните или пак сте биле на тежок дентален зафат, усните може да бидат отечени од таа причина. Меѓутоа, ако немало никаков удар или слични физички трауми, а вашите усни се отечени, најверојатна причина за тоа е алергиска реакција. Со сето она со кое сте стапиле во контакт или што сте го консумирале може да предизвика алергиска реакција, па затоа е потребно да ја проверите причината за таа појава. Ако освен усните чувствувате дека и вашиот јазик е отечен, а грлото ве гребе, веднаш побарајте помош од вашиот доктор.

Додека сме на лицето, погледнете кои проблеми со здравјето се кријат зад промените на бојата на лицето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар