5 производи за поубаво и понежно бричење
Наместо да ги фрлате парите на скапи креми за бричење, употребете ги овие производи кои сигурно веќе ги имате во домот.
1. Сапун
Многу сапуни се пенат кога ќе дојдат во контакт со кожата, па тие се одлична замена за кремите и пените за бричење. Лизгавата текстура на овој продукт го олеснува отстранувањето на влакната, а единственото нешто што треба да го избегнувате се мирисните и ароматизирани сапуни за да не ја иритирате кожата.
2. Масло
За бричењето можат да ви послужат и бадемовото или кокосовото масло, како и обичното бебешко масло. Кокосовото масло има антибактериски својства, бадемовото е совршено за масажи, а бебешкото маслото едноставно мириса толку добро, што е невозможно да му се одолее. Сите тие одлично би можеле да ви помогнат при отстранувањето на влакната.
3. Крем за тело
Баш како балсамот, така и лосионот или кремата за тело целосно ќе ја омекне вашата кожа и ќе ви го олесни бричењето.
4. Мед
Медот е прехранбен производ кој совршено ја хидратизира кожата, ја омекнува и има антибактериски својства. Неговиот леплив слој одлично ја штити кожата, а потоа лесно и едноставно може да се отстрани со топла вода. Со медот, нозете стануваат многу меки и нежни.
5. Балсам или шампон за коса
Освен што ги омекнува сите влакна на вашето тело, шампонот или регенераторот за коса ја хидратизира кожата и е најдобрата алтернатива на кремите за бричење. Со него ќе можете да ги отстраните и најцврстите и најупорните влакна на кожата.