5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчките

5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчките

Пластична хирургија, ботокс и „инјекции за убавина“ – луѓето прават многу работи обидувајќи се да останат млади. Ако не сте подготвени за такви драстични мерки, постојат производи што навистина можат да ви помогнат да изгледате помладо. Пред да купите кој било од овие продукти, би требало да се консултирате со вашиот дерматолог. Покрај тоа, пред да ги употребувате, тестирајте ги на мал дел од вашата кожа.

1. Ацетил

5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчките

Ацетилот е пептид, па ја пенетрира кожата и стимулира одредени процеси во неа. Често го сметаат како конкуренција на ботоксот бидејќи има многу слични ефекти. Пептидот ги релаксира мускулите на лицето, но не ги блокира. Овој продукт не е токсичен и се отстранува од телото. Продуктите со високо количество пептид имаат многу брз ефект.

2. Пептид отров на змија

5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчките

Овој пептид е наречен отров на змија бидејќи има сличен ефект. Исто како и отровот, ги релаксира мускулите, ги спречува грчевите и како резултат ги израмнува брчките. Постојат многу креми со ботокс ефект чија основа е овој пептид.

3. Матриксил

5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчките

И матриксилот е пептид. Ја стимулира кожата да се регенерира и самата да произведува колаген и хиалуронска киселина. Козметичките продукти со овој пептид се наменети за намалување на знаците на старост. Можете да го купите и посебно, и како состојка во разни серуми.

4. Екстракт од полжав

5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчките

Козметичките продукти со екстракт од полжав имаат регенерирачки ефект, ја израмнуваат кожата, ја навлажнуваат и ги намалуваат акните. Овие продукти ги прекриваат брчките и ѝ помагаат на кожата да се лечи.

5. Антиоксиданси

5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчките

И антиоксидансите го забавуваат процесот на стареење. Колку повеќе антиоксиданси има во продуктот, толку подобро, бидејќи едни со други си го зголемуваат ефектот. Некои од најефективните антиоксиданси се:

  • Витаминот Ц ја израмнува бојата на кожата, го спречува воспалението и го поттикнува производството на колаген.
  • Екстрактот од семки од грозје е моќен антиоксиданс што помага во производството на колаген и еластин.
  • Екстрактот од црн чај ги обновува оштетените клетки и го намалува воспалението.
  • Цинкот го зголемува производството на колаген и се справува со стареењето на кожата.
  • Витаминот Е ја стимулира регенерација и има ефект на подигнување. Исто така ја прави кожата малку посветла.
  • Витаминот А го зголемува производството на колаген и се справува со брчките и стареењето на кожата
  • Екстрактот од калинка го забавува стареењето.

Погледнете и како да ги отстраните брчките околу устата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар