5 проблеми во модерното воспитување поради кои родителите се „робови“ на нивните деца

5 проблеми во модерното воспитување поради кои родителите се „робови“ на нивните деца

Денес нештата постепено излегуваат од контрола кога станува збор за воспитувањето на децата. Ова е мислењето на британската авторка и искусна беби-ситерка Ема Џенер. Ема работела со деца и родители во текот на две децении и сериозно се загрижила за начинот на којшто се воспитуваат денешните деца. Според неа, следниве пет проблеми се најсериозни.

5 проблеми во модерното воспитување поради кои родителите се „робови“ на нивните деца

1. Родителите се плашат од нивните деца

Наводно децата имаат преголема контрола над нивните родители, а тоа е покажано со еден едноставен тест: Ако мајката му стави млеко на детето во сина шолја, а тоа сака да пие од друга, мајката веднаш оди да ја смени шолјата пред детето да се налути.

2. Не очекуваат многу од децата

Кога децата се однесуваат лошо, без разлика дали дома или на јавно место, родителите често кажуваат: „Такви се децата“. Но, според Ема децата не мора да бидат такви. Тие се многу поспособни отколку што мислат нивните родители, без разлика дали станува збор за манири, почит, домашни обврски или самоконтрола. Доколку мислите дека детето не може да седи само за време на вечера во ресторан, грешите. Ако мислите дека не може да си го собере нередот, и тогаш грешите. Единствената причина што децата не се однесуваат како што треба е бидејќи родителите не го бараат тоа од нив. Подигнете ги вашите стандарди и децата ќе се прилагодат.

3. Родителите не прифаќаат мислење и совети од другите

Некогаш возачите на автобус, наставниците и продавачите имале „право“ да ги прекорат децата со лошо однесување. Тие биле очите и ушите на отсутните родители и сите имале иста цел – одгледување пристојни личности. Денес кога некој друг освен родителот ќе го опомени детето, мајката и таткото полудуваат. Сите родители сметаат дека нивното дете е совршено и не го прифаќаат мислењето на другите.

Често се случува наставниците да кажат дека некое дете не е пристојно на час. Тоа што родителите си судат едни на други наместо да се поддржуваат воопшто не ја подобрува состојбата.

4. Се потпираат на технологијата

Денес е одлично што родителите имаат разни електронски направи што ќе им помогнат да го издржат долгото патување или посетата на лекарот. Исто така и родителите се позафатени од кога било претходно, па технологијата им помага да се справат со децата. Но овие помагала се искушение за родителите кои пак, почнуваат да ги користат многу често, и децата забораваат како да се забавуваат самите.

5. На прво место секогаш се потребите на детето

Добро е што децата им се приоритет на родителите, но според Ема, ова отишло предалеку. Родителите го занемаруваат нивното психичко и физичко здравје за децата. Таа често била сведок како родителите веднаш брзаат да ја исполнат секоја желба на детето. Одвреме-навреме не е лошо да ги одбиете вашите деца. Исто така во ред е да го оставите самото да си игра кога ви е потребно време за вас.

Погледнете и кои се проблемите во однесувањето на децата за кои се виновни родителите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар