5 природни начини на кои можете успешно да се изборите со пролетните алергии
Алергиите се реакција на имунолошкиот систем како заштита од одредени фактори од околината. Но, дали сте знаеле дека токму природните продукти можат да ви овозможат совршена заштита од симптомите на алергија? Со цел да го зајакнете вашиот организам, потребно е да се вратите на природните начини на лечење, кои не вклучуваат токсини и хемикалии. Дел од овие начини кои можат многу да ви помогнат се и следниве 5…
1. Коприва
Копривата е природен антихистамин и имуномодулатор кој го чисти целиот организам и на тој начин помага при справувањето со сите алергии. Тој ги ублажува симптомите како што се кивањето и надразнетите очи. Најдобриот начин на кој можете да ја внесете копривата во вашето тело е преку чај, кој не само што ја ублажува алергиската реакција, туку и придонесува при создавање на црвените крвни зрнца во организмот.
2. Пробиотици
Добрите бактерии во цревата го стимулираат создавањето на имуноглобинот кој потоа ги неутрализира токсините. Едно неодамнешно истражување покажало дека пробитоците или пријателските бактерии можат многу да ја намалат алергиската реакција на полен. Исто така, ова истражување покажало и значително опаѓање на симптомите кои се јавуваат како плацебо ефект.
3. Масло од црн ким
Тоа влијае против воспаленијата и има антихистаминско делување, па токму затоа треба да ви биде и еден од првите избори при ублажување и превенција на симптомите на алергија. Ова масло не само што ги ублажува сите алергиски симптоми, туку и го олеснува дишењето и истовремено го спречува развојот на секундарните бактериски инфекции кои често се јавуваат паралелно со сезонските алергии.
4. Масло од еукалиптус
Едно истражување од 2010 година открило дека ова масло има благотворно делување врз респираторните проблеми како астмата. Ставете малку од ова масло во еден сад и поставете го на вашата работна маса додека сте на работа. Дишењето дополнително ќе го олесните доколку измешате 3 капки масло од еукалиптус со една лажица маслиново масло кое потоа ќе го нанесете на вашите гради.
5. Мајчина душица
Чајот од мајчина душица го ублажува кашлањето и има смирувачко делување врз грлото (особено ако е воспалено). За да ги намалите алергиските реакции, комбинирајте мајчина душица со коприва. Извлечете го максимумот од овие две состојки така што ќе подготвите чај од 2 лажици коприва и 1 лажица мајчина душица во пола литар зовриена вода. Покријте го и почекајте 15 до 20 минути да делува и потоа пијте го.
Дополнителни начини на кои можете да го зајакнете вашиот организам:
- Витаминот Ц е моќен антихистамин, па токму затоа кај оние со алергии се препорачува секојдневно да пијат по 2 до 3 грама.
- Во вашата исхрана вклучете повеќе лук и кромид, бидејќи тие содржат високи концентрации на состојки кои делуваат против воспаленија.
- Избегнувајте ја протеинската храна како млеко, јајца, месо…
- Од млечните производи се препорачуваат само ферментирани производи кои се богати со пробиотици (јогурт, кефир…).
- Наместо кравјо млеко пијте козјо млеко.
Практични мерки на заштита од алергиски реакции:
- За време на сезоната во која има висока концентрација на полен во воздухот, држете ги прозорците што повеќе затворени.
- Избегнувајте да бидете на отворено кога има многу сонце и ветар (тогаш има најголема концентрација на полен во воздухот).
- По секое враќање во домот, фрлете ја целата облека за перење и истуширајте се со цел да ги отстраните сите зрнца полен кој се задржале на вашето тело.
- Имајте на ум дека најмалата концентрација на полен во воздухот е по дождот, па токму тогаш би било најсоодветно да излегувате на отворено.
- Пред да излезете од вашиот дом намачкајте го вашиот нос со невеново масло (или маслиново масло) со цел да го намалите вдишувањето на поленот од воздухот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.