5 примени на кокосовото масло за кои сигурно не сте слушнале досега
Сигурно имате сретнато некој што тврди дека кокосовото масло е лекот за секоја болест. Иако не лечи сè, тоа навистина има голем број здравствени придобивки. Погледнете ги неговите 5 примени кои се поддржани и од науката.
1. Го подобрува здравјето на коските
Според едно истражување од 2012 година, додавањето кокосово масло во вашата исхрана може значително да го намали ризикот од остеопороза. Научниците додале кокосово масло во исхраната на стаорци и ги проучувале нивните коски во период од 6 недели. Стаорците имале поголем волумен на коските и други позитивни индикации за нивното здравје. Кокосовото масло исто така им помага на луѓето со артритис. Не мора да се внесува орално, доволно е само да ги масирате болните точки за да се ослободите од симптомите на артритисот.
2. Го забрзува заздравувањето на малите рани
Едно истражување покажало дека раните кои се третирани со кокосово масло заздравуваат побрзо. Експериментот бил изведен врз стаорци, но нивната кожа е многу слична со нашата, така што резултатите би требало да важат и за луѓето. Научниците заклучиле дека кокосовото масло содржи неколку активни биолошки компоненти кои го помагаат заздравувањето на раните. Доколку го користите маслото за ова, добро исчистете ја раната и алатите кои ќе ги користите за нанесување.
3. Ги намалува масните наслаги околу стомакот
Изненадувачки, но едно истражување од 2009 година открило дека со додавање 2 лажици кокосово масло во исхраната, проследено со вежбање, се намалува обемот на половината во рок од 12 недели. Група жени кои јаделе соино масло наместо кокосово не го намалиле обемот на половината. Сите што учествувале во истражувањето пешачеле 50 минути дневно, па не било само маслото одговорно за резултатите. Сепак, научниците веруваат дека и тоа имало придонес.
4. Ја навлажнува кожата
Нанесувањето кокосово масло на сува и груба кожа може да ја подобри нејзината влажност и затегнатост. Едно истражување од 2004 година покажало дека и кокосовото и минералното масло ја подобруваат состојбата на кожата. Научниците забележале дека луѓето кои живеат на тропски места со векови користат кокосово масло за да ја подобрат нивната кожа.
5. Го отстранува првутот
Бидејќи кокосовото масло ја подобрува влажноста на кожата, тоа е ефективен третман против првут. Нанесувањето на маслото на вашиот скалп пред спиење ќе му ја врати влажноста и ќе го направи помалку „ронлив“. Покрај тоа, кокосовото масло го подобрува изгледот на косата. Едно истражување од 2003 година покажало дека кокосовото масло многу повеќе го спречува опаѓањето на косата.
Прочитајте ги и овие примени и придобивки на кокосовото масло.