5 причини зошто вашата коса расте бавно
Постојано ги применувате маските за коса, редовно ја кратите и ја одржувате, но сѐ уште не сте задоволни од резултатите и должината? Понекогаш, дури и добрите и корисни препарати може да имаат спротивен ефект. Следуваат 5-те најчести грешки кои спречуваат да имате долга и здрава коса и кои го забавуваат нејзиниот раст.
1. Недостаток на железо
Ако имате недостаток на железо, консумирајте храна која е побогата со железо, како што е пилешкото месо, говедското месо, оревите и другите слични јатки, како и ливчестиот зеленчук.
2. Недостаток на сон
Колку и да ви звучи неповрзано, недостатокот на сон може да ви го влоши здравјето и да остави последици на вашата коса и кожа. Експертите советуваат да спиете 8 часа, па затоа и препорачливо е да го сторите тоа.
3. Често ја кратите косата
Сигурно сте слушнале дека ако сакате да имате здрава коса потребно е да ја кратите еднаш во 3-6 месеци. Но, запомнете дека секое влакно не е исто. Многу е важно краевите од косата одвреме-навреме да се кратат, но не многу често. Обрнете внимание на тоа колку вашата коса растево текот на 6 месеци и ќе знаете на колку време ќе треба да ја кратите за да ја постигнете посакуваната должина.
4. Стрес
Ако постојано сте под стрес и чувствувате анксиозност или притисок, тоа ќе влијае и на вашата коса. Не само што ќе го намали нејзиниот раст, туку може да предизвика и опаѓање. Смирете го умот и нервите и започнете го денот со насмевка.
5. Користење на погрешни и евтини препарати
Негата на косата е многу поважна од редовното одење во фризерскиот салон. Користете маска за регенерирање на косата барем еднаш во неделата и тоа нека ви стане редовна рутина. Заменете ја металната четка со четка од природни материјали. Најважно е да не ги штедите вашите пари и да инвестирате во квалитетен шампон и регенератор за коса.