5 причини зошто треба да се заљубите во буцко

5 причини зошто треба да се заљубите во буцко

Дали постојано ги одбивате полничките мажи бидејќи мислите дека не водат грижа за нивниот изглед и не се добри љубовници? Сигурно ја губите главата по момци со „плочки“ и не сакате да прифатите ништо помалку од партнер со совршено обликувани мускули. Доколку навистина го правите тоа, размислете повторно, бидејќи не само што не треба да ги судите луѓето според изгледот, туку и врската со полничок маж има многу предности во кои сигурно ќе уживате. Ова се 5-те причини зошто треба да се заљубите во буцко…

5 причини зошто треба да се заљубите во буцко

1. Полничките мажи се среќни и се чувствуваат удобно во своја кожа

Дали некогаш сте виделе тажен и намуртен буцко? Секако дека не! Ова се луѓето кои постојано се шегуваат, обожаваат да се смеат и да уживаат во животот. Освен тоа, според неодамнешните истражувања, кај среќните нововенчани парови постојат поголеми шанси да се здебелат по свадбата, за разлика од несреќните сопружници. Кој не би сакал среќен брак?!

2. Ќе ве разберат ако вие качите некој килограм плус

Без разлика дали сте во врска со слаб, мускулест или полничок маж, немојте да дозволувате тој да ве осудува поради вашата тежина и вишокот килограми. Полничките мажи ќе имаат поголемо разбирање ако претерате со храната и се здебелите малку. Тој никогаш нема да ви каже дека треба да ослабите или да се „стегнете“, бидејќи тој ќе ве сака токму онакви какви што сте. Сакајте се себеси и вашиот партнер без оглед на тоа колку тежите.

3. Гушкањето со нив е најубаво

Мора да признаеме дека совршено обликуваните стомачни мускули и цврстиот задник се прекрасна глетка, но кога станува збор за гушкање сигурно попрво би одбрале меко перниче. Нема ништо поубаво од тоа кога ќе се склопчите во прегратката на вашиот покрупен партнер. Ќе се чувствувате сигурно и заштитено. Освен тоа, тој ќе ви послужи како лична, подвижна и неверојатно удобна перница, без која нема да можете да си ги замислите ноќите.

5 причини зошто треба да се заљубите во буцко

4. Тие се поздрави одошто мислите

Доколку се грижите за здравјето, немојте да ги одбегнувате полничките мажи. Најновите истражувања покажале дека луѓето со прекумерна тежина (но, не и оние кои имаат сериозен проблем со дебелината) можат да живеат подолго од луѓето со нормална тежина. Според тоа, ако вашата животна цел е да живеете што е можно подолго, дечкото со по некој килограм вишок е совршениот партнер за вас.

5. Тие се подобри љубовници

Дали големината е важна? Секако дека да! Но, тука зборуваме за големина на стомачето. Истражувањата спроведени во Турција докажале дека полничките мажи со стомаче се поиздржливи во кревет за разлика од нивните послаби противници. Во телата на полничките мажи има поголема количина на женскиот хормон познат како естрадиол кој ги забавува нивните оргазми, што значи дека ќе можете да уживате во сексуалните задоволства по цели ноќи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар