5 причини зошто треба да престанете да ја барате вашата сродна душа

5 причини зошто треба да престанете да ја барате вашата сродна душа

Многу луѓе веруваат во поимот „сродна душа“. Веруваат дека постои личност која им е судена и со која ќе го поминат нивниот живот. Сепак, и покрај тие оптимистични верувања, истражувањата покажале дека брачните парови кои тврдат дека се сродни души се изложени на поголем ризик од развод кој изнесува дури 150% за разлика од останатите парови. Тоа доведува до заклучокот дека вербата во сродни души е една голема заблуда чија единствена цел е да создаде нереалистични очекувања кај луѓето. Ова се 5-те главни причини зошто би требало да престанете да ја барате вашата сродна душа…

5 причини зошто треба да престанете да ја барате вашата сродна душа

1. Интензивната страст не може да опстои

Истражувањата покажуваат дека партнерите кои верувале дека се судени еден за друг, започнале врска исполнета со возбуда и страст. Нивната среќа потекнувала од интензивната физичка хемија којашто не може да опстои засекогаш, бидејќи таквиот вид на привлечност избледува со текот на времето. Од друга страна, пак, браковите во кои сопружниците се грижеле еден за друг имаат многу поголеми шанси да ги пребродат сите потешкотии и да постигнат вечна среќа. Емоционалната поврзаност за која било потребно време да се изгради и зацврсти е долготрајна и со текот на времето станува посилна, а не послаба.

2. Бајките не постојат во реалниот живот

Жените кои сонуваат да ја пронајдат нивната сродна душа обично имаат бајковити замисли за нивниот идеален маж. Таквото ниво на романтичност доведува до нереалистични очекувања кои ниту еден маж не може да ги исполни. Принцот на бел коњ е само лик од приказните, а не вистински маж со човечки карактеристики и недостатоци.

3. Идеализираната љубов крши срца

Срцата на многу жени се скршени токму поради постоењето на таа идеја за романтична судбина. Кога ќе пронајдат партнер кој ќе им се причини дека бил нивната сродна душа, доколку нештата тргнат наопаку, тешко можат да го преболат и да продолжат понатаму. Тие ја идеализираат љубовта кон според нив совршениот маж кој го изгубиле засекогаш. Но, имајте ја на ум следнава вистина: Доколку на врската ѝ било пишано да опстои, сродните души би останале заедно. Но, ако не сте повеќе заедно тоа значи дека не сте можеле да остварите вечна љубов токму со таа личност.

5 причини зошто треба да престанете да ја барате вашата сродна душа

4. Идејата за „сродни души“ дозволува само една голема љубов

Луѓето кои веруваат во сродни души и имале долга врска, брак или голема љубов во животот, но ја изгубиле, се помируваат со фактот дека ќе живеат без љубов до крајот на нивниот живот. Сметаат дека во животот им е дозволено да имаат само една сродна душа. Зар не е тоа тажно? Овие луѓе ја елиминираат можноста повторно да се заљубат. Сепак, многумина наоѓаат љубов по втор, па дури и трет пат. Меѓутоа, идејата дека постојат сродни души ги спречува да ја земат предвид таа можност.

5. Денес постои нова дефиниција за поимот „сродна душа“

Во денешното модерно општество, каде половина од браковите завршуваат со развод, би требало да се има предвид можност дека постои повеќе од една сродна душа. Од спиритуална гледна точка, експертите велат дека луѓето започнуваат врски бидејќи тие им овозможуваат да ги научат најголемите животни лекции. Тоа значи дека кога би имале повеќе од една сродна душа, би можеле да научиме многу повеќе. Тогаш кога ќе го проширите вашето сфаќање за поимот „сродна душа“ ќе добиете слобода да љубите одново и одново.

Престанете да барате совршена љубов и сродна душа. Почнете да ја барате вистинската љубовна врска со некој кој ќе ви одговара, кој ќе биде добар, грижлив, внимателен и со кого ќе делите слични интереси. Тоа е рецептот што гарантира успех во љубовта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар