5 причини зошто талентираните работници ги напуштаат работните места
Ова истражување го има направено „Центарот за менаџерска и организациска ефективност“ кој соработува со секаков тип организации од светот, кои вршат консултантски услуги, истражувања или нудат решенија за разни проблеми. Нивната цел е реално да се прикажуваат проблемите, за да им се овозможи на компаниите да си ги увидат грешките и да ја подобрат својата стратегија на разни полиња. Погледнете ги добиените резултати од истражувањето за причините поради кои компаниите ги губат своите најталентирани работници.
1. Неподнослив шеф
Најголем дел од вработените го напуштаат своето работно место, бидејќи нивниот шеф е неподнослив. Никој не сака да работи со агресивен, арогантен и нечовечен шеф. Нив ги има многу, а поради начинот на кој се однесуваат, никој не сака да работи за нив. Некои остануваат бидејќи немаат избор. Дури 31% од испитаниците одговориле дека нивниот шеф не им одговара на барањата (ги игнорира) повеќе од 1 година.
2. Недостаток на овластувања
Дури 31% од вработените велат дека би сакале да имаат поголема одговорност на работните места. Луѓето не сакаат да дојдат на работа, да седат 8 работни часа и да не мрднат „подалеку“ од редовните работни задачи. Тие сакаат да влијаат, да бараат решенија, да развиваат стратегии и да носат одлуки.
3. Внатрешна политика
Само 35% од испитаниците одговориле позитивно на прашањето за тоа дали нивните компании се добри или ефективни во унапредувањето на вработените. Во војната за придобивање талентирани работници, никој не сака да се впушти во работен однос каде што не гледа иднина за искачување кон врвот. Прикажувајќи квалитетно резиме, секој очекува дека патот кон врвот треба да му биде полесен. Во спротивно, тоа работно место не е предизвик за талентираниот работник.
4. Признание и пофалби
Секој за себе мисли дека работи премногу, но не е доволно платен за тоа. Можеби покачување или бонус не доаѓа предвид, но една пофалба од типот: „Добро завршена работа“ во комбинација со тапкање по раме или бесплатен ручек, и тоа како можат да придонесат кон дополнителна мотивација и понатамошна посветеност на работата. Според податоците од истражувањето, 43% од вработените на средни менаџерски позиции чувствуваат дека ја вршат целата работа, а не добиваат признание за тоа.
5. Компанијата тоне надолу
Никој не сака да биде последниот патник на брод кој тоне. Вработените можат да ја почувствуваат напнатоста и паниката кај работодавците кога нешто не е оди како што треба. Кога еден од нив нема да издржи и ќе си замине, сите ќе тргнат по него. Само оние кои влечат добар дел од финансиските средства на компанијата остануваат до самиот крај. Дури 23% од испитаниците одговориле дека во ваква ситуација, паралелно бараат друга работа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.