5 причини зошто секогаш треба да си бидете приоритет
Ставањето на сопствените потреби на првото место некои би го опишале како себичност, но тоа всушност е најдобрата работа која на долг рок можете да ја направите за себе.
1. Вашето здравје зависи од тоа
Стресот и недостатокот на сон го заболуваат нашиот организам, па стануваме подложни на разни здравствени проблеми и болести. Честопати толку многу се оптоваруваме со секојдневни обврски што не успеваме да пронајдеме ниту половина час за одмор, а да не зборуваме за некое хоби што нè радува и релаксира. Заради тоа, постојано пати нашето физичко, но и психичко здравје.
2. Работата може и мора да почека
Работата никогаш не треба да ви биде приоритет или да биде средишна точка околу која се врти целиот ваш живот. Работните обврски мораат да причекаат кога се во прашање поважни работи. Немојте да ги одложувате вашите здравствени прегледи заради работата и да се уверувате дека ништо нема да се случи ако малку причекате со некое важно здравствено испитување кое сте требале одамна да го направите. Можеби ви изгледа дека проектот на кој работите бара 100% повеќе внимание, па на него го трошите целото ваше слободно време, но токму тоа е погрешниот чекор кој многумина го прават. Работата е работа, а слободното време користете го за да се одморите од неа.
3. Ќе имате поквалитетна љубовна врска
Нема ништо лошо во тоа да водите сметка за потребите на вашиот партнер, но ако притоа ги запоставувате сопствените потреби, на долг рок вашата врска ќе го загуби квалитетот. Ако не научите јасно и гласно да ги изразите вашите сомневања, чувства и желби, после некое време ќе се чувствувате занемарено и запоставено.
4. Ќе бидете подобра пријателка и мајка
Мислите дека вашето семејство или пријателите не забележуваат дека сте нервозни, уморни и раздразливи? Се лажете, бидејќи тие и тоа како знаат да препознаат кога се чувствувате лошо. Не можеме постојано да бидеме добро расположени и моментите на нервоза се сосема вообичаена работа. Меѓутоа, кога сме во состојба на хроничен стрес тогаш сме склони да претераме со емотивните реакции и не ги гледаме работите во вистинското светло. Тоа може да доведе до бројни недоразбирања, непотребни караници, па дури и жестоки расправии. Затоа внимавајте на себе, секојдневно овозможете си барем 15 минути одмор во кои ќе се повлечете во својот свет, ќе ги опуштите мислите, ќе дишете со полни гради и ќе ги наполните батериите за остатокот од денот. Не заборавајте, кога сте среќни, тогаш сте најкорисни за своите најсакани.
5. Ќе постигнете внатрешен мир
Немојте да чувствувате вина поради тоа што ги ставате своите потреби пред другите. Имате целосно право да бидете приоритет на себе и да се исполните во секој поглед. Така ќе станете подобра личност, ќе ги освестите вашите потреби и интереси и ќе остварите внатрешен мир по кој сите ние тежнееме.
Исто така, ви предлагаме да го направите овој интересен тест кој ви открива кои се најголемите приоритети во вашиот живот.