5 причини зошто парот интроверт-екстроверт е шампион во родителство
Кога една интровертна и една екстровертна личност ќе се спојат како пар, тие стануваат доказ за популарното тврдење дека спротивностите се привлекуваат. Ваквата комбинација воопшто не треба да биде причина за сомнеж во стабилноста на врската, бидејќи изненадувачки, комбинираните парови функционираат доста подобро од останатите, воспоставувајќи рамнотежа во односите.
Комбинираните парови кои ќе решат да оформат семејство и да имаат деца, имаат големи шанси да бидат најдобрите родители што едно дете може да ги има, а еве и зошто:
1. Ги покажуваат добрите страни на својата личност
Иако се работи за сосема различен концепт на личност и карактер, децата ќе го препознаат и ќе го „позајмат“ најдоброто. Кога едниот родител е екстровертен, а другиот интровертен, големи се шансите, благодарение на нивните крајности, кај детето да се создаде баланс во кој и ќе биде мотивирано да ги шири интересите, но и охрабрено да стекнува нови искуства.
2. Секој родител има слабости и тоа е сосема во ред
Интровертниот родител ја знае вредноста на времето поминато со себе, додека екстровертниот сака да внесе повеќе енергија во семејството. Ваквата комбинација може да го научи детето и да биде социјално, но и да го цени времето кое го има само за себе.
3. Заедно создаваат баланс во домот
Различните енергии на родителите создаваат рамнотежа во домот, но само кога не постои конфликт. Овие родители најчесто имаат премногу различни филозофии за одгледување на детето, но најважно е што лесно можат да се согласат да се најдат „на пола пат“ и да го направат она што е најдобро за детето.
4. Нивните родителски стилови можат да ги неутрализираат лошите родителски одлуки
Процесот на казнување на детето е различен кај овој пар. Многу е веројатно дека интровертниот родител ќе размислува за казна и нема веднаш да ја спроведе, додека екстровертниот може импулсивно да го казни детето во истиот момент. Кога овие двајца родители ќе се обидат заедно да го решат проблемот, ќе дојдат до речиси идеално решение, од кое негативните последици ќе бидат сведени на минимум.
5. Децата порано ќе го формираат својот идентитет
Различните родители создаваат средина во која детето порано станува свесно за себе и почнува да го гради својот карактер. Тие гледаат различни стилови на пристап кон проблемите и учат како тоа да го применат понатаму. Некогаш ќе ги користат „триковите“ на екстровертниот, а некогаш на интровертниот родител, додека да воспостават лична дисциплина, која ќе стане неразделен дел од нивниот живот.
Прочитајте и зошто среќното семејство не е и совршено.