5 причини зошто не треба да се грижите што останатите мислат за облеката која ја носите - Part 2

5 причини зошто не треба да се грижите што останатите мислат за облеката која ја носите

3. Тие покажуваат дека имате самодоверба

Вашата вредност и почит кон себе никогаш не треба да бидат детерминирани од она што останатите го велат за вас. Доколку се облекувате за да се вклопите со вашиот животен стил тоа може да значи дека имате некои несигурности, и она што го носите може да ве изедначи со толпата. Во овој случај, потребно е да се убедите себе дека не се грижите пред да започнете навистина да се грижите.

6-5-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-grizhite-shto-ostanatite-mislat-za-oblekata-koja-ja-nosite-www.kafepauza.mk_

4. Вие се цените кои сте

Доколку сте жена, тогаш не треба да се облекувате за момчињата. Секогаш облекувајте се за себе и никогаш не дозволувајте да ве дефинираат туѓите мислења. Можеби вие сте жена со женствен стил како што е Никол Варни, па затоа носите симпатичен фустан со штикли во текот на викендите, или пак преферирате изглед кој е сличен како на блогерката Џенифер Селмановиќ за вашите вечерни излегувања. Запомнете, коментарите на другите луѓе за вашиот стил можат да бидат непристојни, но таквите коментари се моментални и не траат долго. Она што трае е вашата уникатност, и треба да научите да ја цените.

8-5-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-grizhite-shto-ostanatite-mislat-za-oblekata-koja-ja-nosite-www.kafepauza.mk_

5. Вие имате ваша сопствена креативност

Запомнете, во сè постои убавина и она што „нормалните“ луѓе ќе го перципираат како неубаво, во него сепак може да пости нешто убаво. Некои луѓе не се креативни едноставно поради тоа што чувствуваат дека нивниот труд може да биде прогласен како неуспех. Да бидете креативни со облеката што ја носите може позитивно да влијае на вашата самодоверба и да покаже колку се стилизирани вашите модни комбинации. Доколку ги земете овие работи предвид, тогаш вашиот личен стил ќе може да ја рефлектира вашата индивидуалност.

9-5-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-grizhite-shto-ostanatite-mislat-za-oblekata-koja-ja-nosite-www.kafepauza.mk_ 10-5-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-grizhite-shto-ostanatite-mislat-za-oblekata-koja-ja-nosite-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар