5 причини зошто мора веднаш да одите на забар ако почувствувате болка во забот
Кога ќе почувствуваме болка во забот или реакција при консумирање храна и пијалаци, веднаш помислуваме дека имаме кариес. Меѓутоа, забот може да боли и заради други причини и затоа не смеете да го одложувате одењето кај стоматолог или доктор.
1. Имате инфекција на непцата
Разни бактерии може да предизвикаат воспаление на забното месо кое е прилично болно, особено ако во меѓувреме се создадат гнојни „џебови“ околу забите. Стоматологот ќе ви ги исчисти тие џебови и ќе ви препише антибиотик што ќе ја излечи инфекцијата.
2. Патите од ноќен бруксизам
Тоа е назив за несвесно триење, шкрипење или стискање на забите кое е често предизвикано од стрес. Ова појава може да предизвика оштетување на забите и болка, особено доколку е секојдневна. Стоматологот во тој случај ќе ви препорача посебна пластична навлака која ќе го спречи оштетувањето на забите.
3. Имате инфекција на синусите
Во текот на сезоната на грип или пак сезоната на алергии може да ви се случи инфекција на синусите. Коренот на одреден заб понекогаш може да се наоѓа во голема близина на синусите, па притисокот во синусите, односно болката во нив ќе ја почувствувате и како болка во забите. Наместо стоматологот во тој случај ќе ве лекува вашиот општ доктор со помош на лекови за смирување на отеченоста на носната слузница или антибиотици доколку инфекцијата е сериозна. Запомнете дека секоја болка во забите е еден од знаците дека морате да отидете кај вашиот стоматолог, а тој понатаму ќе ве упати кон понатамошни лекување ако ќе сфати дека немате проблеми од стоматолошка природа.
4. Пресилно четкање на забите
Заради оваа навика доаѓа до повлекување и оштетување на забното месо. Тогаш коренот на забот станува повеќе изложен на храната и останатите бактерии, а со самото тоа и почувствителен. Затоа можете да почувствувате болка кога пиете студени пијалаци или јадете одредена храна. Затоа заборавете на „агресивното“ четкање, особено ако користите доста тврди четки.
5. Имате напукнат заб
Забот може да пукне заради многу причини. Во тој случај можете да почувствувате болка при џвакањето на храната или консумирањето студени течности. Иако реакцијата е многу слична како кај појавата на кариес, сепак се работи за едноставен проблем и забот треба само правилно да се затвори, за пукнатината да не се прошири дополнително.
Совет плус: Погледнете кои намирници им се непријатели на вашите заби.