5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-тите

5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-тите

Многу сингл жени над 50-тата година од својот живот, кога ќе помислат на љубовни состаноци почнуваат да се фрустрираат, да чувствуваат непријатност и збунетост. Но, верувајте, нема никаква причина да се грижите. Можеби забавувањето со момчиња во 20-тите години е супер забавно, но излегувањето на состаноци по 50-тата година има посебна магија во себе. Еве пет причини поради кои нема причина да се чувствувате непријатно и да се повлекувате затоа што сметате дека тоа не е соодветно и оти забавата е резервирана само за 20-годишните девојки.

(1) 5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-тите

1. На 50 години знаете кои сте

Во овој период од животот на состаноците заминувате со цело богатство знаење и искуство. Повеќе ја нема онаа огромна несигурност како во младоста, кога постојано ги баравте патиштата до вашата вистинска личност. Затоа искористете ја сета моќ која лежи во вас. Според WebMD, жените над 50-тата година се чувствуваат посамоуверено, знаат точно што сакаат и што не сакаат и најмногу си веруваат себеси. Сепак, тоа не значи дека сте виделе сè и сте сфатиле сè, но сепак знаете како да уживате и да бидете тоа што навистина сте. Дали така се чувствувавте, на пример, кога имавте 22 години? Сега знаете што ви треба од еден маж и од една врска.

2. Немате желба и очекувања да засновате семејство

Во овој период од животот се чувствувате многу релаксирано затоа што не размислувате за деца и семејство и мажите не ги гледате како потенцијални татковци на вашите идни поколенија. Во доцните 20-ти, биолошкиот часовник почнува да отчукува посилно, а тоа создава голем притисок кај жените. Но, затоа жените кои имаат 50+ години се сосема слободни по тоа прашање. Поголемиот дел од жените до таа возраст веќе ги имаат одгледано децата, кои се возрасни и самостојни луѓе. Исто така, голем е процентот на жени кои се финансиски самостојни, па затоа единствено што им треба е друштво на пријатен и шармантен човек. Фокусирајте се на забава.

(2) 5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-тите

3. Имате искуство со врските

До петтата деценија од вашиот живот, веројатно сте биле во брак или во неколку врски, во кои сте имале можност да ги развиете комуникациските вештини со партнерите и да научите како се гради еден однос. Сега повеќе не се плашите гласно да кажете што не ви се допаѓа и да водите квалитетни разговори поврзани со вашата врска. Знаете дека мирните разговори, размислувањето и овозможувањето меѓусебна шанса за себеизразување се начини за надминување на одредени прашања и проблеми кои можат да се појават меѓу вас и партнерот. Можете да се сетите на вашата прва бурна расправија со момчето во младоста? Веројатно имало неизмерно многу драма – сте изнакажале многу погрдни зборови, избувнавте, ја треснавте вратата и многу други бурни реакции. Но, тогаш сте го немале сегашното искуство за тоа дека дискусиите се водат на еден мирен начин, јасно искажување на вашите мисли и компромис. Со 50+ години знаете кое однесување не е прифатливо за вас, знаете како да ги решите најголем број од проблемите и кога е потребен компромис за да се врати задоволството во заедничката врска.

(3) 5 причини зошто љубовните состаноци во 50-тите се многу подобри од оние во 20-тите

4. Не ви е потребен маж за да ви стави прстен на раката

Поголемиот дел од жените над 50-тата година веќе биле во брак барем еднаш и можеби биле невеста на голема свадба. Затоа, во овој период, жените не ни помислуваат повторно да облекуваат бел фустан. Голем дел од луѓето на 50+ возраст, кои имаат развод зад себе, не размислуваат повторно да стапат во брак. Но, никој не вели дека не сакаат долга и стабилна врска, Сепак, изборот е ваш. Кога сте биле во 20-тите години од животот, најверојатно бракот ви бил од најголемо значење. Сте имале притисоци и од семејството и од околината да најдете момче и да создадете семејство. Но, во периодот над 50 години, таквиот притисок едноставно го нема. Можете да живеете заедно со својот партнер, можете да водите одвоен живот, сите опции се отворени.

5. Мажите над 50-тата година се поголеми кавалери

Да не го заборавиме фактот дека не се само жените се тие кои во текот на животот собираат искуство и знаење. Истото се случува и кај мажите. Д-р Џоел Блок, секс терапевт, вели дека мажите над 50-тата година се „понежни“. Како што поминуваат годините, тие стануваат поопуштени во делот на сексот и повеќе внимаваат на себеси и партнерката. Како што стареат луѓето стануваат попаметни и ги доведуваат речиси до совршенство своите љубовни вештини.

Затоа дами, не очајувајте, напротив искористете го знаењето и искуството и излезете од својата удобна зона. Отворете ги можностите и искористете ги сите патишта кои се отвораат пред вас. Можете да најдете пријатен партнер и љубовник, со кој ќе уживате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар