5 причини зошто годинава наместо црни, треба да купите бели чизми
Белите чевли имаат цела низа предности и се одличен избор за овие есен и зима, затоа што се меѓу водечките трендови. Сепак, малкумина се одлучуваат да ги одберат и решаваат да се држат до проверениот тренд – незаменливите црни чизми. Имајќи го тоа на ум, денес ви издвојуваме 5 причини зошто конечно треба да ја направите оваа промена и целосно да го освежите вашиот изглед.
1. Одат на сè
Црните чизми можат да изгледаат премногу нападно ако модната комбинација ви е со посветли бои, но белите чизми изгледаат одлично дури и ако носите целосно црна комбинација. Тие исто така добро стојат на различни видови модели и можат да се комбинираат за сите видови настани.
2. Привлекуваат внимание
Баш затоа што луѓето не се навикнати да гледаат чизми во оваа боја, тие често мамат погледи и предизвикуваат да бидете во центарот на вниманието. Дури и ако облеката ви е сосема обична, чизмите ќе ве направат лесно забележливи во топлата.
3. Ја збогатуваат секоја модна комбинација
Белите чизми ќе ви донесат вистинско освежување во есенската гардероба, токму поради својот елегантен и тренди изглед. Па, ако оваа сезона сакате да вложите во само еден тренд, нека биде токму овој, бидејќи со него едноставно не можете да згрешите.
4. Идеални се за комбинирање со облека за премин од есен во зима
Многу е тешко да се направи добра модна комбинација кога сезоните се менуваат, но ако имате бели чизми, тоа воопшто нема да ви биде тешко. Тие изгледаат обично и со есенски и со зимски парчиња облека, исто како што лесно ќе ви се вклопат и во пролетната и летната гардероба.
5. Веќе имате црни чизми
И за крај, како најважно – веќе имате барем еден (ако не и повеќе) пар црни чизми. Токму затоа и нема поента повторно да трошите пари на нешто што веќе го имате, па ако имате потреба од нови чизми – белите се совршени за вас!
Есенска инспирација: 3 лежерни викенд комбинации за сите пригоди.