5 причини зошто е добро да ги потрошите сите пари на патување

5 причини зошто е добро да ги потрошите сите пари на патување

Патувањето е прекрасна работа. Животот е премногу краток за да не патувате, додека светот е преголем за да не сакате да го видете. Патувањата ве богатат со нови знаења и ве тераат да пораснете на неверојатен начин. Тие прават да излезете од вашата удобна зона, давајќи му нова перспектива на животот, но исто така ве учат и на благодарност и на ценење.

1. Патувањето е единствената работа што можете да ја купите за да станете побогати

„Патувањата се како љубов, најмногу затоа што ни ја зголемуваат свеста. Стануваме свесни, рецептивни и подготвени за трансформација. Токму затоа најдобрите патувања се како најголемите љубовни афери – тие никогаш не завршуваат.“ – Пико Ајер

Научно е докажано дека луѓето кои трошат пари на искуства повеќе отколку на материјални работи, се посреќни. Искуствата создаваат сеќавања кои траат цел живот. Патувањата навистина се единствената работа за која ќе потрошите пари и ќе се збогатите со искуства, пријатели, знаења, мудрост и љубов кон овој прекрасен свет во којшто живееме. Тоа не се залудно потрошени пари, тоа е инвестиција во вашата иднина, и што е најважно во сегашноста.

2. Патувањето ќе ви биде најголемото образование

„Патувањето ве прави скромни. Вие ќе видите колку мало место зафаќате во светот.“ – Густав Флоберт

Патувањата ви ги отвораат очите кон работи кои не сте ги знаеле за светот. Ќе научите многу за историјата, за разните култури и религии, за уметноста, како и за луѓето. Ќе научите да се соочите со вашите најголеми стравови, прифаќајќи ги со голема љубов. Ќе научите за катастрофалните историски настани кои не сте ги сретнале во историските учебници, како и за прекрасните души кои постојат низ целиот свет. Ќе дознаете како да се грижите за себе и како да раководите со вашиот буџет. А најважно од сè, ќе дознаете како да живеете во сегашниот миг, во единствениот миг кој има значење.

3. Патувањата ве извлекуваат од удобната зоната

„Не сите кои талкаат се изгубени.“ – Џон Роналд Толкин

Ништо нема да ве созрее повеќе од патувањето. Вадејќи ве од удобната зона, патувањето ве тера да прифатите различни начини на живеење од кои сте навикнати. Понекогаш ќе треба да спиете во неудобен кревет, ќе ви недостига омилената храна, или пак ќе треба да зборувате со непознати на странски јазик. Патувањата ќе ве научат дека постои многу повеќе надвор од удобната зона. Толку многу созревање ве чека надвор од вашиот балон на сигурноста, само треба да имате храброст да му пристапите.

4. Патувањето ќе ви ја промени перспектива

„Мудриот човек патува за да се открие самиот.“ – Џејмс Расел Ловел

Дали сте биле во Мароко или во Египет? Или пак во Русија или во Хрватска? Секоја земја со својот пејзаж, вибрација, култура и народ е различна. Но, тоа е тоа што ги прави одлични. Ништо нема да ве научи да бидете благодарни и да ја цените привилегијата на животот кој го живеете, како патувањата. Од питачи, места каде што водата е ограничена, немање струја, валкани чаршафи и недостаток на храна, ќе сфатите дека ништо во животот не треба да земате „здраво за готово“. Патувањата ви ги отвораат очите и ви даваат чиста перспектива кон животот.

5. Патувањето само по себе е подарок кој не престанува со давање

„Ако мислите авантурата е опасна, пробајте ја рутината. Таа е смртоносна!“ – Пауло Коелјо

Само еднаш се живее. Значењето на оваа реченица не е да потрошите голема сума пари за материјални работи. Баш напротив, потрошете ги вашите пари на искуства кои светот ви ги нуди. Задоволството што го нудат подготовките, резервацијата и започнувањето на едно патување каде што немате идеја што ве очекува не се споредува со ниеден материјален предмет.

Погледнете ги и овие 4 видови патувања на кои секоја жена треба да отиде сама.

Автор: Ана Патриклиева


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар