5 причини зошто да патувате по светот потполно сами

5 причини зошто да патувате по светот потполно сами

Да се биде сам на непозната територија за многумина претставува кошмар. Чувството на изгубеност е непријатно доживување, па оттука патувањето сам во друга држава за многумина не доаѓа предвид. Сепак, еднаш се живее, па излегувањето од вообичаената рутина на патување може да ни донесе награда во вид на авантура која ќе ја паметиме цел живот. Еве пет причини зошто да патувате по светот потполно сами:

5 причини зошто да патувате по светот потполно сами

1. Имате поголема слобода

Имате апсолутна слобода да одите каде што сакате и да правите што сакате. Доколку вам ви се шета, а вашиот пријател сака да остане во хотелот да спие или вам ви се оди во стариот дел на градот, а вашата пријателка сака да прошета по трговските центри, би било неопходно да направите компромис. Патувајќи сами нема потреба да се договарате со никого за ништо. Имате слобода да си го послушате срцето за секој нареден чекор.

5 причини зошто да патувате по светот потполно сами

2. Полесно е да запознаете нови пријатели

Ако сте тргнале сами на пат, тоа не значи дека сте се осудиле да поминете денови или недели во комплетна осаменост. Всушност, ретко ќе бидете без луѓе околу вас. Секаде може да сретнете ваши истомисленици кои тргнале сами да го освојуваат светот, а кои со задоволство би ве запознале или би ви се придружиле ако патот ве носи на заедничка дестинација.

Хостелите, пак, се посебна приказна – тие најчесто имаат посебни простории каде што патниците се собираат, се запознаваат и се дружат. Токму овде може да запознаете пријател којшто ќе влијае на вашиот поглед на светот и со којшто ќе останете во контакт цел живот.

5 причини зошто да патувате по светот потполно сами

3. Го оставате вашиот живот зад вас на одредено време

Иако токму тоа што на некое време ќе останете без вашето семејство, пријатели и колеги, е она што всушност ваквата авантура ја прави неприфатлива за многумина, сепак оставањето на вашиот живот настрана може да делува многу ослободувачки. Сето она што секојдневно ви предизвикувало стрес ќе го снема, ќе немате близок пријател со кој ќе озборувате или ќе зборувате за старите проблеми кои сè уште ве мачат. Така неоптоварени ќе бидете целосно сконцентрирани на новите пријателства, на прекрасните пејзажи, на градските плоштади и на навиките на локалното население, а од вашето патување ќе направите поголема авантура.

5 причини зошто да патувате по светот потполно сами

4. Подобро ќе се запознаете себеси

Не е многу тешко да се соочите со животните предизвици кога со вас се семејството и пријателите, но кога ќе се најдете потполно сами на непознат терен, тогаш ќе сфатите дали и колку вие самите сте способни да се справувате со секојдневните проблеми. Ова е тоа што ги одвраќа луѓето од идејата да заминат сами на пат, но бидете храбри и соочете се со непознатото. Проблемите на пат може да изгледаат страшни затоа што се нешто ново и непознато, но всушност не се толку тешки. Откако ќе ги решите, како награда ќе добиете поголема самодоверба.

5. Дома ќе се вратите со поинаков поглед на животот

На претходните причини се надоврзува стекнувањето поинаков поглед на светот. Се разбира, откако ќе ја уживате слободата што ја нуди соло-патувањето, ќе си земете мала пауза од вашиот живот и секојдневната рутина, па подобро ќе се спознаете себеси и ќе запознаете нови пријатели кои ќе влијаат на вас, на крајот, различната перспектива на животот е неизбежен резултат.

5 причини зошто да патувате по светот потполно сами

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. aleksandar Reply

    moram da probam da vidam kako ke si pominamm :))

  2. aco Reply

    ubavo da si pomines 😀

  3. Bobi ;) Reply

    Pod 1- Imate po golema sloboda, prekrasno 🙂 i rizik koj sto e del od patuvanjeto 🙂
    pod 2 – Mozete da zapoznaete prijateli i ne prijateli … da ve odvedat negde ili nesto drugo … vi ostavam na vasata imaginacija 🙂
    pod 3 – Go ostavate vasiot zivot zad vas na odredeno vreme ili za sekogas 🙂 … pozitivno ili negativno 🙂
    pod 4 – Podobro ke se zapoznaete sebesi ili nekoj vas vo nekoj temen sokak 🙂
    pod 5 – Doma ke se vratite so poinakov pogled kon izovoto ili vasite doma ke ve baraat so interpol … dali e prodazba na organi, belo robje ili nesto drugo … imate sloboda na razmisluvanje
    i pod “6” Koj sto zaboravile da go napomenat, podobro e da patuvate barem so uste e den i malku da trpite nedorazbiranje, sepak po sto toa i del od zapoznavanjeto na samite sebesi i zivotot i se razbira da si pominete ubavo i po bezbedno da se vratite doma ili da si ostanete tamu …. toa e toa PozdraF 😉 🙂

  4. Анонимен Reply

    sa glede oti imish poznavanje bobi 🙂 i pomalku gledi akcioni filmovi

Остави коментар