5 причини зошто алфа мажите се најдобри партнери
Во денешно време кога постои полова еднаквост, а шовинизмот и мачото однесување најстрого се осудуваат, не е ни чудо што алфа мажите добиле лоша репутација. Сепак, сексистичките стереотипи што владеат за алфа мажите не се целосно точни. Постојат многу цврсти причини зошто самоуверениот и доминантен алфа маж може да биде најдобриот партнер што некогаш сте го имале. Во продолжение дознајте за што станува збор…
1. Одржуваат интензивен контакт со очи
Алфа мажите никогаш не го тргнуваат погледот за разлика од другите помалку доминантни мажи. Нема ништо посекси од дечко кој е доволно самоуверен за да се соочи со вашиот поглед во кој било момент. Со алфа партнерот никогаш нема да мора да кажете „Гледај ме во очи кога ти зборувам“.
2. Отпорни се
Алфа мажите се многу упорни. Тие знаат што сакаат и вложуваат многу труд за да го добијат тоа. Тоа не звучи така лошо, се согласувате? Истражувањата покажале дека спротивно на депресија не е среќа, туку отпорност. Алфа мажите веднаш заздравуваат по доживеаното одбивање и лесно ги надминуваат сите потешкотии, бидејќи веруваат во своите способности и никогаш не се сомневаат во квалитетите што ги поседуваат.
Доколку сте во врска со маж кој е доволно упорен за да ги оствари своите цели, тоа значи дека сте во врска со маж кој веднаш може да стане по неговите падови. Тој нема да очекува од вас да го тешите и да му бидете рамо за плачење. Алфа мажот никогаш нема да почне да се мурти веднаш штом работите не се по негово.
3. Позитивни се
Отпорните луѓе имаат оптимистичен поглед кон светот. Тоа се добри вести за алфа мажите, бидејќи истражувањата покажале дека позитивните луѓе се поуспешни. Ова се добри вести и за девојките кои се во врска со алфа мажи, бидејќи оптимизмот не само што е заразен туку и има позитивно влијание на здравјето.
4. Дружељубиви се
Алфа мажите се најгласните луѓе во просторијата, кои секогаш се шегуваат, смеат и не се плашат да ѝ пристапат на девојката која им се допаѓа. Тие се многу дружељубиви, а луѓето кои се во врска со екстровертни личности се посреќни. Исто како и оптимизмот, така и среќата се пренесува од еден на друг човек. Со алфа мажите никогаш нема да ви биде здодевно и никогаш нема да престанете да се смеете, а сите знаеме дека смеата го продолжува животот.
5. Не се манекени и тоа е добро
Алфа мажите не ги привлекуваат жените благодарение на нивниот изглед, туку со помош на нивната самодоверба, комуникативност и оптимизам. Тоа е многу попривлечно од молчаливите манекени со совршени стомачни мускули. Проблемот кај премногу згодните мажи е тоа што мислат дека не мора да се трудат, додека алфа мажите ќе дадат сѐ од себе за да ги исполнат вашите потреби.
Во продолжение прочитајте за 10-те квалитети кои секој алфа маж треба да ги бара во својата девојка.