5 причини поради кои чистењето на вашиот дом може да ви помогне да се чувствувате подобро

5 причини поради кои чистењето на вашиот дом може да ви помогне да се чувствувате подобро

Нашите домови се микрокосмос од живот. Доколку одвојувате време за грижа на ова мало ваше засолниште, вие многу подобро ќе се изборите со останатите потешкотии кои доаѓаат со секојдневието. Погледнете ги следниве неколку начини на кои редовното чистење може да ви помогне полесно да се справите со проблемите и да се чувствувате многу подобро.

5 причини поради кои чистењето на вашиот дом може да ви помогне да се чувствувате подобро

1. Тоа ве враќа во реалноста и ви помага да создадете баланс во животот

Чистењето е еден вид медитација. Со самото тоа што воведувате ред во местото каде што поминувате голем дел од денот, вие го намалувате и хаосот во вашиот живот. Кога ќе забавите и ќе се фокусирате на задачата која е пред вас, вие сфаќате дека го трансформирате вашиот дом во нешто подобро и доколку ова постојано се случува, брзо ќе почнете да развивате и магија која лесно ќе ве смирува, особено кога сте вознемирени.

2. Тоа ја ослободува вашата креативност

Рацете кои се трудат отвораат креативен простор. Без разлика колку добро го познавате вашиот дом, со секојдневното средување вие ќе почнете да размислувате креативно и да смислувате проекти со чија помош ќе го разубавите уште повеќе. Но, ова размислување нема да биде ограничено само тука. Без да забележите, додека средувате, вие ќе почнете да наоѓате креативни решенија и за други комплексни проблеми кои подолго време ве мачеле.

3. Тоа ви овозможува време и простор за себе

Понекогаш, сè што ви е потребно е да најдете начин да се „исклучите“ од реалноста. Барем на неколку часа. Единствениот начин да се оттргнете од секојдневните обврски, без притоа да чувствувате грижа на совест, е доколку го насочите целото ваше внимание кон средувањето на домот. Вие можеби немате потреба да живеете во беспрекорно чист дом, но со движењето во таа насока си обезбедувате доволно време за малку да бидете сами со своите мисли.

4. Тоа ви овозможува да создадете убавина и ред

Вашиот дом треба да биде и ваше засолниште – место каде што можете да ја обновите вашата физичка, но и ментална енергија и каде што знаете дека сте безбедни. Со чистењето, вие полека доведувате ред во вашиот дом, како и нова убавина и свежина која ќе ве направи горди на својот труд. Не постои подобро чувство од гледањето на вашиот дом во совршен ред, особено во оние моменти кога се борите со потешкотии во другите области од вашиот живот.

5. Тоа ви дозволува да преземете контрола во свет каде што најчесто ја немате

Вие можеби не можете да го сопрете тероризмот или да ги нахраните гладните деца во сиромашните краеви ширум светот, но тоа не значи дека не можете да влијаете врз добросостојбата на вашиот живот, како и на оние кои се најблизу до вас. Преку чистењето вие воведувате мир, ред, среќа и задоволство во вашиот мал свет, а тоа е и повеќе од доволно за да се чувствувате многу подобро, како за вас, така и за најблиските.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар