5 причини кои ќе ви бидат доволни за да започнете врска со странец

5 причини кои ќе ви бидат доволни за да започнете врска со странец

Сигурно некогаш сте посакале да запознаете згоден странец кој ќе донесе малку возбуда во вашиот живот. Сите сме сонувале за летна романса и безопасен флерт, но некогаш може да испадне и повеќе од тоа. Врската со странец ќе ви ги отвори хоризонтите и ќе ве направи побогати со нови искуства кои вечно ќе ги паметите. Еве зошто треба да му/ѝ дадете шанса.

0-5-pricini-koi-treba-da-vi-bidat-dovolni-zosto-da-bidete-vo-vrska-so-stranec-kafepauza.mk

1. Секси нагласок

Кој може да одолее на британското darling, жешкиот шпански, заводливиот италијански или отмениот француски говор? Никој. Апсолутно никој. А, плус премногу се слатки кога се мачат да кажат нешто на нашки.

2. Ново искуство

Кај него/неа сѐ е ново. Врската со странец е една нова авантура која ќе ви донесе позитивно искуство. Во ваквата врска, ги нема сите клишеа и трикови како на останатите први состаноци. Тие се тотално непредвидливи и баш затоа заслужуваат да им дадете шанса.

3. Нов почеток

Тој/таа сигурно не познава ниеден од вашите пријатели кој се знае со пријателка на вашиот/та бивш/а и слично. Овде нема озборувања и лаги. Тој/таа не познава никој кој учел со вас, нити пак слушнал озборувања за вас. Тој/таа смета дека сте слатки и со нив можете да имате „нов почеток“.

4. Можност за патување

Кога сте во врска со странец, пасошот треба да ви биде подготвен во секое време, затоа што сигурно некогаш ќе посака да одите во неговата родна земја и да ве запознае со неговите пријатели и семејството.

5. Учите нов јазик

После неколку месеци, сигурно ќе научите барем да го/ја поздравувате на неговиот јазик. А пред сѐ сигурно ќе знаете да кажете „те сакам“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар