5 претпоставки кои може да имаат катастрофални последици на вашата врска

5 претпоставки кои може да имаат катастрофални последици на вашата врска

Претпоставките се секогаш лош избор кога станува збор за љубовните врски. Решаваме да се водиме според некои измислени стереотипи, па наместо среќна врска, се наоѓаме себеси како водиме долги и бесполезни расправии со партнерот. И каде води тоа? Сигурно не на некое убаво место исполнето со љубов и слога.

(3)-5-pretpostavki-koi-mozhe-da-imaat-katastrofalni-posledici-na-vashata-vrska-kafeauza.mk

Бидејќи е секогаш потешко, но поисплатливо да ги рашириме видиците и за промена да претпоставиме дека она кое го знаеме е погрешно, еве кои од тие наши претпоставки се наоѓаат меѓу првите пет кои дефинитивно треба да се променат.

1. Ако ме сакаш, тогаш ќе знаеш како размислувам

Ова е кратко и јасно кажано – невозможно. Партнерот не може да знае како размислувате, тој може да претпостави. А како што веќе заклучивме, тоа и не е така паметна идеја. Наместо тоа, кажете му што ви поминува низ глава и не му се лутете кога во слични ситуации и самиот ќе ве праша.

2. Ќе бевме посреќни доколку сексуалниот живот ни беше подобар

Проблемите во сексуалниот живот се ретко проблеми кои се јавуваат поради тоа што за него немате доволно голема желба или не ви се допаѓа. Сексот и интимноста се тесно поврзани со секојдневието на врската, па додека сите позитивни работи влијаат само позитивно на вашиот сексуален однос со партнерот, така и сите негативни работи влијаат негативно. Проблемот е секогаш посериозен отколку што ви делува. Сѐ што треба е да застанете и да размислите што е она што навистина ви пречи вам или на партнерот и заедно со него/неа да најдете решение за него.

3. Кога само би го направил/а ова или она, тогаш сѐ ќе биде во ред

Нема. Очекувањето една по друга работа и надевањето дека со нивното исполнување ќе бидете посреќни може да доведе до само уште поголемо незадоволство. На овој начин, вие секогаш ќе се соочувате со нешто плус што ви е потребно. Никогаш нема да ви биде доволно тоа што го имате и постојано ќе очекувате од нешто или некој да ја исполни таа јама која ќе станува поголема од ден на ден. Обидете се да се радувате на она кое го имате. Научете да се задоволите со оној покрај вас. Престанете да очекувате.

CFM2H9 USA, New Jersey, Jersey City, Angry couple standing back to back. Image shot 2012. Exact date unknown.

4. Секогаш треба да ти бидам приоритет

Да, во поголем дел од случаите треба. Но не секогаш. Никогаш секогаш. Тоа е нереално да се очекува од кого било, а најмалку од партнерот. Она кое веројатно се случува кога нема да се најдете на прво место е лутење од ваша страна и расправии кои одат до бесконечност. А дали е тоа логично кога причината била итен случај во семејството на партнерот или краен рок на работа? Наместо карање, помислете на оние ситуации кога навистина требало да му/ѝ бидете на прво место. Дали тој/таа беше покрај вас? Тие се оние кои се важни, а не оние водени од некој непромислен хир. Да бидете среќни и исполнети е секогаш на вас и на очекувањата кои ќе ги поставите пред себе. Не правете ги невозможни.

5. Досега веќе требаше да најдеме решение

Некои проблеми бараат повеќе време за да се решат. Некои, пак, не можеме сами да ги решиме. Совршена врска не постои, а согласно со ова, не постои ни решение кое е еднакво добро за сите парови и сите проблеми. Понекогаш треба само да си дадеме повеќе време. Некогаш можеби и да побараме помош. Трета страна на нештата, сосема објективна, може да биде како свежо и разладувачко ветре на топол летен ден. Не плашете се да ги погледнете работите од таа перспектива. И не очекувајте да ги решите проблемите побрзо отколку што навистина е потребно за нив. Бидејќи проблемот чие решение е само наметнато е проблем кој, кога повторно ќе се јави, ќе биде многу поостар од претходниот пат.

(2)-5-pretpostavki-koi-mozhe-da-imaat-katastrofalni-posledici-na-vashata-vrska-kafeauza.mk

Сите ние имаме право на свое мислење. Логично и очекувано е да правиме претпоставки и да се водиме според нив. Но, истовремено е пожелно да не се држиме строго до нив со оглед на тоа што тие можат навистина многу негативно да влијаат на врската. Затоа, слушајте повеќе, прашувајте повеќе, споделувајте повеќе… Комуникацијата е основна кога е врската во прашање и без неа е невозможно врската да опстане.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар