5 прехранбени продукти кои ќе ви ја уништат желбата за благо
Доколку сакате да го елиминирате благото од исхраната, пробајте со следниве хранливи продукти без воопшто да чувствувате грижа на совест. Ако премногу се препуштате на желбата за шеќер и преработената храна, ќе предизвикате брз раст, а потоа и подеднакво брз пад на гликозата во крвта. Тој брз пад ќе предизвика уште поголема потреба од шеќер, па така се создава маѓепсан круг. Според нутриционистите, ова може да го прекинете само со јадење здрава храна која ја спречува желбата за шеќер. Сложените јаглехидрати, односно полисахаридите, имаат слично влијание во поглед на серотонинот. Следните намирници ја задоволуваат вашата потреба за слатки работи, без да му наштетат на вашето здравје.
1. Домати
Доматите ја намалуваат желбата за благо затоа што содржат високо ниво триптофан, материја која телото ја претвора во серотонин. Овој плод е богат и со хромом, минерал кој ја намалува желбата за храна и го регулира холестеролот и нивото на гликоза во крвта.
2. Јаболка
Едно од најдобрите овошја за задоволување на желбата за благо е јаболкото. Лесно е да го носите со себе и не е потребно да се сече или лупи како другите овошја. Дури и киселите видови јаболка содржат многу здрави јаглехидрати. Ова овошје е богато со хранливи влакна, кои даваат чувство на ситост и го намалуваат гладот.
3. Блага пченка
Благата пченка е уште еден здрав продукт кој може да ви помогне во одвикнувањето од благо. Посебно добро ја неутрализира желбата за благо кога е сварена. Таа изобилува со антиоксиданси, витамини, минерали и хранливи влакна. Покрај желбата за благо, благата пченка го смалува и гладот.
4. Благ компир
Уште еден зеленчук кој може да ви помогне е благиот компир. Овој прехранбен продукт нема само да ја задоволи вашата желба за благо, туку дополнително ќе го збогати организмот со витамин Ц, Д, Б6 и железо. Хранливите материи во благиот компир можат да спречат болести на срцето, рак и други дегенеративни болести.
5. Цимет
Циметот е фантастичен зачин кој има специфичен вкус и мирис, па можете да го додавате во многу јадења. Циметот одлично помага против желбата за благо. Овој зачин ги спречува ненадејните осцилации во нивото на гликозата, кои ја зголемуваат желбата за шеќер и со тоа ја одложуваат потребата за внесување нова порција благи.